|
▪ ▪
Локални Избори 2005
Проектот Домашно
набљудување на локалните избори 2005, МОСТ започна да го
реализира во средината на месец јануари 2005, во рамките на
програмата Одговорност и транспарентност.
Присуството на граѓаните на избирачките места како
непристрасни и непартиски набљудувачи, придонесува кон
зголемување на транспарентноста на целиот изборен процес и
ја зголемува довербата на сите граѓани во резултатите.
За овие избори МОСТ планира да регрутира, обучи и распореди
3.500 набљудувачи.
Набљудувачите ќе бидат распоредени на околу 60% од
избирачките места.
Активностите на проектот ќе бидат реализирани преку 19
регионални канцеларии.
Со реализација на овој проект МОСТ ќе продолжи да дава свој
придонес во непречено одвивање на демократските процеси во
државата.
Финален извештај
Прес конференции
Политичка ситуација во РМ
Законска рамка
Рокови за спроведување на изборните
активности
Пријава за набљудувачи
Регионални
канцеларии
Донатори |