За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

 Семинар на тема Семејно Гласање

Комисијата за политички систем и односи со заедниците на Собранието на РМ, во соработка со Советот на Европа и Фондацијата Фридрих Науман организираше дводневна работна сесеија насловена Правни и политички аспекти на еднаквоста помеѓу мажите и жените при користењето на индивидуалните гласачки права, што се одржи во Хотел Гранит, Охрид , од 13-16.02.2003 година.

 

          Сесијата имаше за цел да изготви евентуални препораки за можни измени и дополнувања на постојната изборна регулатива на РМ заради намалување на појавите на семејно гласање и подобрување на севкупниот систем на гласање.

          Според програмата на сесијата дискусиите беа мобилизирани од страна на високостручен експертски тим: м-р Зоран Шапуриќ, Претседател на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, проф д-р Гордана Силјановска-Давкова, Правен Факултет-Скопје, проф.др. Светомир Шкариќ, Правен Факултет-Скопје, г-дин Сафет Алиу, заменик претседател на ДИК, г-ѓа Загорка Тноковска, Раководител на сектор во Министерството за правда на РМ, претставник на цивилното општество г-гица Снежана Ѓорѓевска, Директор на ГА МОСТ и г-дин Роберт Поповски, Координатор  за меѓународна соработка при Здружението на новинари на РМ.

 

          Во дискусиите зедоа учество  и избрани претставници од различни владини и парламентарни институции, како и претставници на неколку невладини организации и претставници на следните меѓународни организации: ЕК-ЕАР, ОБСЕ и Совет на Европа.

 

          Според работната програма свое излагање имаше и Директорот на МОСТ, Снежана Ѓорѓевска, на тема Соработка на невладините организации со надлежните изборни институции.

 

          За време на набљудувањето на изборите во 2002 година, воочивме дека постои голема потреба од институционализирање или подетално регулирање на улогата на домашните набљудувачи во изборниот процес како би можело да се влијае на спречувањето на појавите како групното и семејното гласање и други нерегуларности и неправилности.

 

          Препораките коишто произлегоа од овој семинар ќе се искористат за дополнување и измени на постојната законска изборна регулатива. После обработката на материјалите кои беа продицирани на самата сесија, препораките ќе бидат извлечени публикувани.