За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

ПРОВЕРИ СЕ, НАБЉУДУВАЈ, БИДИ АКТИВЕН!

 

На прес конференцијата што на 24.03.2004 год., Граѓанската асоцијација МОСТ ги презентираше резултатите од истражувањето направено за време на јавниот увид на граѓаните во единствениот избирачки список, а воедно и го најави почетокот на кампањата за регрутирање на волонтери за домашни набљудувачи на денот на изборите.

 

Податоците добиени од истражувањето покажуваат дека граѓаните биле во можност да извршат проверка на податоците во подрачните единици на Министерството за правда. Според земениот примерок од 688 граѓани, сите имале можност да се проверат,  биле поднесени 14 барања за запишување во списокот, 11 барања за дополнување на податоците и 9 барања за бришење на лица кои починале. Во сите случаи граѓаните ќе добијат писмен одговор за извршените промени во избирачкиот список, во рок од 3 дена од страна на Министерството за правда. Останатите 654 граѓани имале точни податоци во избирачкиот список. Истражувањето е направено во исто време во 32 општини,  проследено од регионалните координатори  и активисти на МОСТ.

 

МОСТ упатува апел до надлежните институции да го искористат законски предвидениот рок за ажурирање на податоците и да ги решат барањата на граѓаните за запишување, бришење или промена на податоците

 

Воедно, МОСТ ја најави и втората фаза  од кампањата за набљудување- регрутирање на волонтери за домашни набљудувачи на денот на изборите.

 

Пријавувањето на граѓани кои сакаат да бидат домашни набљудувачи на изборите, во канцелариите на Граѓанска асоцијација МОСТ ќе трае до 2 април, како би се запазил рокот за доставување на барања за акредитирање на домашни набљудувачи во ДИК.

 

Информации за начинот и местото на пријавување, граѓаните ќе можат да добијат на бесплатниот телефон 080 080 080, на www.most.org.mk, како и во 19 регионални канцеларии на МОСТ во цела држава.  

 

Преку вклучувањето во изборниот процес како домашни набљудувачи, граѓаните можат да го дадат својот прине за спроведување на фер и демократски избори.