|
ПРОВЕРИ СЕ,
НАБЉУДУВАЈ, БИДИ АКТИВЕН!
Граѓанска асоцијација МОСТ, на денешната прес конференција,
официјално го објави старот на кампањата за
набљудување
на вонредните Претседателски избори, во рамките на која ќе
бидат регрутирани волонтери, кои ќе бидат распоредени на
избирачките места во улога на набљудувачи.
Основната цел на кампањата е преку активирање на граѓаните
во демократските процеси да се отвори можноста тие да
влијаат на нивно подобрување.
Кампањата на МОСТ се одвива во четири сегменти: мотивација
на граѓаните да се проверат во Единствениот избирачки
список, вториот сегмент е регрутација на што е можно поголем
број на волонтери и набљудување, набљудување на
предизборните кампањи на претседателските кандидати и
набљудување на денот на изборите, како последен сегмент.
МОСТ
ги повикува граѓаните, од 13 до 22 март, да го искористат
своето уставно право да се проверат во Единствениот
избирачки список, да го сторат тоа во што е можно помасовен
број, од
причина што ова право е еднакво
битно како и правото на глас.
За овие избори Граѓанската асоцијација МОСТ активираше 19
регионални канцеларии, на територијата на цела Р Македонија.
За претходните Парламентарни избори МОСТ регрутираше и обучи
3.000 волонтери од различна етничка и национална припадност,
а покриени беа 52% од вкупниот број на избирачки места во
Македонија.
|