За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

МОСТ ЌЕ ИМА СВОИ НАБЉУДУВАЧИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

 

Граѓанската асоцијација МОСТ, во пресерет на претстојното референдумско изјаснување, ја започнува својата кампања за регрутирање и распоредување на домашни набљудувачи.

 

Граѓаните кои се заинтересирани да бидат домашни набљудувачи, како дел од набљудувачката мисија на МОСТ, почнувајќи од следната седмица, ќе можат да се пријавуваат во Регионалните канцеларии, чиј што број останува 19, исто како и за претседателските избори.

 

За референдумското изјаснување на граѓаните, МОСТ планира да регрутира околу 3500 набљудувачи, кои што ќе бидат распоредени на оклу 60% од избирачките места, а оние места каде што нема да има статични набљудувачи, во текот на денот,  ќе бидат посетувани од мобилни тимови. Покрај на избирачките места, МОСТ ќе постави и набљудувачи во Општинските изборни комисии, за да го следат собирањето на избирачкиот материјал и пребројување на резултатите по затворањето на избирачките места.

 

Упатувајки  апел до сите учесници во референдумското изјаснување, на граѓаните да им бидат обезбедни услови за доброволно и фер изјаснување, без закани и заплашувања МОСТ најавува дека најголемо внимание, ќе биде посветено на пред референдумската кампања, при што под лупа ќе биде однесувањето на учесниците во истата, со најголем акцент на државните институции и на јавните претпријатија. 

Стандардно на избирачкиот процес, покрај следењето на ререфендумското изјаснување на  07 ноември, регионалните координатори на МОСТ и дел од волонтерите набљудувачи, ден порано, ќе го следат изјаснувањет и на болните и немоќните лица, раселените и војниците.

 

Начинот на известување во текот на денот на одржување на референдумот, останува ист како за претходните избори, односно следење и известување за излезеноста на граѓаните и  евентуалните нерегуларности на избирачките места.

 

МОСТ  според стандардите и ефикасноста на ПВТ системот како  и на претседателските избори, во неколку наврати во текот на денот и веднаш по затворањето на избирачките места, ќе ги соопшти  првичните резултати на одзивот и резултатите на референдумското изјаснување.