За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

Посети на Собранието на Република Македонија:

 

 

Секоја нова генерација на гласачи е одлична можност да се воспостават силни вредносни норми за значењето на граѓанските права и обврски, и придонесот на активните граѓани во развојот на демократското општество.

 

Во соработка со Собранието на Република Македонија, во периодот од 1-ви април 2003 год. до 10-ти јуни 2003 год., како волонтерска активност МОСТ го реализираше проектот Посети на Собранието на Република Македонија.

 

Овој проектот имаше едукативен карактер и беше наменет за ученици од 4-та година од неколку средните училишта во Скопје, односно за оние кои на следните избори за прв пат треба да излезат и да гласаат.

Основните цели во реализација на овој проект беа:
 

  • доближување на институцијата Собрание, како највисок законодавен и претставнички дом до учениците;

  • информирање на младите за процесот на донесување одлкуки, со цел нивно поактивно вклучување во демократските процеси;

  • промовирање на Собранието на РМ како транспарентна и отворена институција;

  • подобрување на комуникацијата помеѓу пратениците и идните гласачи;

  • поттикнување на волонтеризам и вклучување на младата популација во севкупните општествено- политички процеси.

 

За време на престојот во собраниската зграда учениците беа запознаени и со сите поединости на зградата, како што се салите за состаноци, салите за разни приеми и простории со историско и културно значење за Македонија.

 

Несомнено е дека ваков тип на едукација на младите допринесува да можат идните гласачи полесно да го направат својот избор, а со тоа и да бидат поттикнати да го остваруваат своето право на глас.

 

Слики од посетата на ДЕУЦ Васил Антевски Дрен од Скопје.

Слики од посетата на СДУ Јосип Броз ТИТО од Скопје.

Слики од посетата на УЦ Зеф Љуш Марку од Скопје.

Слики од посетата на СДУ Никола Карев од Скопје.