|
Проектот
„Домашно набљудување на парламентарните избори
2006“, МОСТ започна да го реализира во средината на
месец април 2006, во рамките на програмата
Одговорност и транспарентност.
Присуството
на граѓаните на избирачките места како непристрасни
и непартиски набљудувачи, придонесува кон
зголемување на транспарентноста на целиот изборен
процес и ја зголемува довербата на сите граѓани во
резултатите.
За овие
избори МОСТ планира да регрутира, обучи и распореди
околу 3.500 набљудувачи.
Набљудувачите ќе бидат распоредени на околу 60% од
избирачките места.
Активностите
на проектот ќе бидат реализирани преку 19 регионални
канцеларии.
Со
реализација на овој проект МОСТ ќе продолжи да дава
свој придонес во непречено одвивање на демократските
процеси во државата. |