|
Мобилен Парламент:
Четврта фаза
на Мобилен Парламент (Октомври 2006 -
Февруари 2008)
Трета фаза на Мобилен Парламент
(Октомври 2005 - Април 2006)
Втора фаза на Мобилен Парламент
(Ноември 2003 - Март 2004)
Прва фаза на
Мобилен Парламент
(Март
-
Јули 2003)
Демократијата како процес, сама по себе претставува владеење
на мнозинството од народот и таа најдобро функционира кога
граѓаните се информирани и вклучени во процесите на
донесување одлуки.
Во периодот од осамостојувањето на Р.
Македонија, до изборот на овој собраниски состав, и не така
многу беше направено за информирање на граѓаните за улогата
и работата на законодавниот дом.
Основната функција на пратениците, застапување и
претставување на интересите на граѓаните, преку донесување
на закони кои ќе ги отсликуваат нивните потреби, како да
беше подзаборавена.
Граѓанската асоцијација МОСТ реши да им помогне на граѓаните
да се доближат до своите избраници во законодавниот дом, да
воспостави начини на меѓусебна комуникација и да ги поттикне
граѓаните да дадат свој придонес во решавањето на
проблемите.
За таа цел, МОСТ, почна со реализација на проектот
“Мобилен Парламент“.
Мисијата
на овој проект е едукација на
граѓаните за нивните права и обврски помеѓу два изборни
циклуса, нивно вклучување во процесите на донесување одлуки,
зголемување на одговорноста на народните избраници кон
граѓаните и зајакнување на врската/ релацијата помеѓу
пратениците и граѓаните.
Основната цел
на проектот е подобрување на
комуникацијата помеѓу народните избраници и електоратот и
доближување на Собранието до граѓаните.
За остварување на наведените цели употребени се две
методи:
-
подигнување на свеста кај граѓаните
преку медиумска и јавна кампања (флаери, постери, ТВ спот,
интервјуа и јавни настапи)
-
јавни средби
на пратениците и граѓаните.
За таа цел,
средбите беа искористени за дискусии на теми од јавен
интерес за подрачјето каде што истите се одвиваа. Во текот
на овие дискусии пратениците и граѓаните се обидоа да
изнајдат заеднички предлози и решенија за проблемите со кои
што се соочуваат. |