За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

Конфереција: Зајакнување на соработката помеѓу Собранието и НВО-ите во Република Македонија

 

Целта на конференцијата беше заеднички да се изнајдат начините за поактивна меѓусебна соработка и да се воспостават правци на меѓусебна комуникација. НВО-и од една страна понудија можни решенија на проблемите што ги имаат при комуникацијата со народните избраници, а пратениците дадоа свои мислења за предностите и придобивките од ваквата соработка.

 

За да може донесените одлуки  реално да ги отсликуваат потребите и состојбата на граѓаните, потребно е нивно вклучување во процесите на донесување на одлуките. Може да се каже дека тоа е повеќе од неопходно, ако се има во предвид стремежот за достигнување на повисок степен на демократија во Република Македонија.

 

Граѓаните, преку НВОи треба да се залагаат за нивно вклучување и влијание во донесувањето одлуки, кои што влијаат врз нивниот секојдневен живот. Од друга страна, претставниците на законодавната власт треба да соработуваат со НВОи, за да можат да ги користат расположливите ресурси на НВОи, како и за да добијат реална слика за тоа како предложените закони ќе влијаат врз граѓаните. Со еден збор НВОи треба да бидат мост помеѓу граѓаните и Пратениците.

 

Претставници на НВОи и пратеници во Собранието отворија дијалог за да ги одредат можните начини за подобрување на меѓусебната соработка. Дискусијата се одвиваше за време на Конференцијата на тема:

 

Зајкнување на соработката помеѓу Собранието и НВОи

 

што ја организираа МОСТ и Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ).

 

Конференцијата се одржа на 07.04.2003 во хотелот Холидеј Ин во Скопје, а присутни беа претставници на 35 НВОи, претседатели на Комисиите во Собранието на Република Македонија и координатори на пратеничките групи.