|
Јавна Расправа-Кодекс на однесување на пратениците
На 23.06.2003 година во организација на Комисијата за
политички систем и односи меѓу заедниците, при Собранието на
Република Македонија и Националниот Демократски Институт, се
одржа јавна расправа зa
Koдекс
на однесување на пратениците и законодавна етика.
Јавната расправа се одржа во Собранието на РМ и беше
спроведена од повеќе-партиски панел составен од сите активни
пратенички групи и претставници од НДИ.
На јавната расправа поканети беа координаторите на
пратеничките групи, претседателите на собраниските комисии,
академски експерти, претставници на невладините организации
и медиумите за да ги изнесат своите мислења пред панелот.
Сите презентации и дискусии кои беа изнесени на јавната
расправа ќе бидат земени во предвид при изготвувањето на
нацртот на Кодексот на Однесување.
Граѓанската Асоцијација МОСТ имаше свој претставник,
Алексоска Росана, која во текот на презентацијата ги изнесе
нашите препораки за идниот Кодекс на Однесување на
пратениците.

|