|
МОСТ ги набљудуваше изборите во Р.Албанија
Изборите за
локална самоуправа во Република
Албанија се одржаа на 12 октомври
2003. МОСТ учествуваше во процесот на набљудување на
изборите како странски набљудувач. Тројца набљудувачи на
МОСТ беа акредитирани.

Претходно
разгледувајќи ја политичката ситуација во Република
Албанија, како и законите, правилата и процедурите кои се
однесуваат на изборите за локална самоуправа, МОСТ
присуствуваше на неколку состаноци и конференции.

Беше расправано
за изборите, домашното набљудување, изборниот кодекс како и
за инструкциите на Избирачките комисии. Сите активности се
случија непосредно пред изборниот ден, а се со цел да се
добие подобра логистичка подготовка за изборното
набљудување.

Идеата
при подготвување на примерокот на места за набљудување беше
да се посетат центрите на поголемите градови, периферијата
како и некои руални средини во земјата.
Подолу се
наведени избирачките места кои беа посетени на 12 Октомври
за време на
изборниот
процес.
Тирана:
QV1953, QV1867, QV1866, QV1681, QV1692
Драч:
QV1448, QV14101, QV1410, QV14111, QV1495
Вора:
QV1557
Граѓанската
Асоцијација МОСТ упатува голема благодарност до НДИ за
безусловната поддршка, особено за поддршката на оваа
активност, каде имавме можност да се стекнеме со нови
искуства во полето на Набљудувањето на Избори.
|