За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

Набљудување на Парламентарните избори во Руската Федерација

Во рамките на OSCE/ODIHR мисијата во период од 02.12.2003 до 09.12.2003, 500 краткорочни набљудувачи од 42 држави меѓу кои и претставник на Граѓанската Асоцијација МОСТ, ги набљудуваа Парламентарните избори во Руската Федерација.

 

Преставникот од МОСТ претстојуваше првите два дена во Москва при што присуствуваше на брифингот што беше организиран од страна на  OSCE/ODIHR, и каде беа разгледувани политичката ситуација, законите, правилата и процедурата кои се однесуваат на Парламентарните избори во Руската Федерација.

 

Преостанатите денови престојуваше во градот Волгоград каде што требаше да се набљудува гласањето и пребројувањето на гласовите. На брифинзите со долгорочните набљудувачи беше расправано за изборите, изборниот кодекс,  за инструкциите на Територијалната и Избирачката комисија и за Vybory системот на пребројување на гласови.

 

Сите овие активности се случија непосредно пред изборниот ден, а се со цел да се добие подобра логистичка подготовка за набљудување на изборниот ден. Истотака, беше одржан состанок со Територијалната комисија на кој беше  разговарано за можните места за набљудување, се со цел да бидат опфатени што поголем број на периферните и руралните средини.

 

Престојот во Руската Федерација, беше можност за размена на искуства, значењето на набљудувачите на изборниот процес и гледишта на изборното набљудување во други држави.