|
Кампања за проверка на граѓаните во
Избирачкиот список
Секој граѓанин, за да може да го искористи своето право на
глас, мора да биде запишан во Избирачкиот список. Ова е
особено важно уште повеќе заради фактот дека законски не е
дозволено запишување на граѓаните во Избирачкиот список на
самиот изборен ден.
Како законска поддршка за превземените активности, МОСТ го
употреби член 18 од Законот за избирачки список и избирачка
легитимација каде се вели:
Граѓанинот може во текот на целата година да бара да изврши
увид во Изводот од Единствениот избирачки список, во
службените простории на органот надлежен за водење на
Единствениот избирачки список.
Ако при увидот утврди дека тој или друг граѓанин не е
запишан во единствениот избирачки список или утврди дека
треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на
податоците, има право да поднесе барање за запишување,
дополнување или бришење на податоци, приложено со соодветна
документација.
Поттикнувањето на граѓаните да извршат проверка во
Избирачкиот список беше направено на два начини:
Индиректно-
преку подигање на јавната свест на граѓаните со помош на
медиумска кампања; и
Директно-
преку две акции организирани од страна на регионалните
канцеларии на МОСТ, во кои граѓаните можеа да ги проверат
своите податоци и да извршат дополнување, бришење или
запшување на истите.
|