|
Регрутирање, тренинг и распоредување на волонтери на
гласачките места
Со оглед на тоа што за самиот ден на изборите беше планирано
набљудување на процесот од стана на граѓаните, МОСТ најголем
акцент стави на кампањата за регрутирање и тренинг на
волонтерите.
Со цел да се
регрутираат
што е можно поголем број на граѓани кои ќе ги набљудуваат
изборите, МОСТ имаше
директен
и
индиректен пристап во
анимирањето на истите.
Идиректно, граѓаните беа повикани да се приклучат кон
големото семејство набљудувачи преку медиумска кампања, која
опфаќеше радио и ТВ спот и печатени материјали. Пораката на
кампањата беше
ПОГЛЕДНИ ЈА ИДНИНАТА СО СВОИ ОЧИ!
ДА ГИ НАБЉУДУВАМЕ ИЗБОРИТЕ!
Директно, граѓаните беа анимирани преку низа на јавни акции
кои ги превземаа регионалните и централната канцеларија на
МОСТ.
Едукацијата
на регрутираните волонтери беше извршена од страна на
претходно обучени тренери од регионалните канцеарии, а за
таа цел МОСТ подготви и прирачник кој им беше поделен на
сите кои ги посетија обуките.
Сериозноста и значењето на овие избори беше сериозно сфатена
од граѓаните, за што потврдува и фактот што истите беа
следени од најголем број домашни набљудувачи. Така за прв
пат во историјата на домашното регрутирање на волонтери, од
страна на МОСТ беа регрутирани 3000 волонтери. Од нив
акредитирани за набљудување на изборите беа 2872, а
останатите беа ангажирани за собирање на податоците во
канцелариите на МОСТ.
Од вкупно 2.973 Избирачки места, на
1.524 места МОСТ имаше тимови од статични набљудувачи или
беа покриени 51,26% од вкупниот број.
Местата кои што не беа покриени од
статичните тимови, беа посетени од мобилни тимови на МОСТ.
Сите извештаи од избирачките места, по завршувањето на
изборите беа доставени до регионалните канцеларии на МОСТ, а
од тука до централната канцеларија за обработка на
податоците.
|