|
Рекорден број на
домашни набљудувачи во Македонија
Граѓанска асоцијација
МОСТ поднесе барање до ДИК за акредитирање на
3305 граѓани,
кои се пријавија да бидат домашни набљудувачи на изборниот
ден.
Акредитираните
набљудувачи ќе присуствуваат на тренинзите, што ќе бидат
спроведени од страна на регионалните координатори, и ќе
бидат распоредени на избирачките места. Тимови од двајца
набљудувачи ќе покријат околу 60% од избирачките места во Р
Македонија. Оние места на кои нема статични набљудувачи, ќе
бидат посетени од мобилните тимови, кои МОСТ ќе ги формира
за денот на изборите.
Регионалните
координатори на МОСТ ќе го набљудуваат гласањето и на 13
април, кога ќе гласаат болните и изнемоштени лица,
раселените лица, војниците по касарните и лицата кои се на
отслужување на казна затвор.
Национален
Ден на Регрутација 27.03.2004
|