|
Студиска посета во Хрватска
Во рамките на програмата на
МОСТ за меѓународна соработка со Невладините организации од
други земји, двајца претставници на МОСТ, Сне жана
Ѓорѓевска, претседател на МОСТ и Алексоска Росана,
регионален координатор, реализираа студиска посета на ГОНГ,
Загреб, Република Хрватска. Посетата се реализираше во
периодот од 1 до 8 Декември 2002 година.
Целта на посетата беше
размена на искуства, како и надополнување и проширување на
знаењата од областа на граѓанското општество и развојот на
демократијата во општеството.

Во текот на еднонеделниот
претстој нашите претставници беа детално запознаени со
програмите на ГОНГ, покрај теоретскиот дел присуствуваа на
пракатичната реализација на проектите на теренот.
Покрај тоа, МОСТ гопретстави
својотуспешно завршен проект Домашно набљудување на
парламентарните изборите 2002, како и ги презентираше
своите идни планови и проекти.
Граѓанската асоцијација МОСТ би сакала да му се заблагодари
на
Freedom House
за
дадената поддршката за реализиција на оваа студиска посета.
Со помош на оваа посета произлегоа голем број на идеи кои ни
помогнаа во развивањето на нашите програми.
|