За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

Европски форум:

 

Во организација на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ODIHR) и европската мрежа за избори и демократска поддршка (NEEDS) во соработка со Националниот Демократски Институт од Вашингтон (NDI), во периодот од  25-29 Јуни 2003, во Загреб беше одржан првиот Европски форум на домашни набљудувачи на избори.

 

 

На овој форум нагласен како еден од најголемите собири на организациите кои работат на набљудување на изборите во Европа, активно учество зеде и Граѓанската Асоцијација МОСТ. Како посебни гости учествуваа организации кои работат на истата проблематика од скоро сите континенти, а учесници имаше и од Авганистан, Перу, Шри Ланка и Зимбабве.

Работата на форумот беше многу корисна, посебно во делот на размена на искуствата и утврдување на начини за понатамошна билатерална или мултилатерална соработка помеѓу организациите учеснички.  Имајќи го во предвид фактот дека сите организации се залагаат за усогласување на основните правила и принципи на набљудување на изборните процеси, изготвувањето и потпишувањето на заеднички документ значеше постигнат консезус по ова прашање.

Целта на потпишување на еден ваков документ беше унифицирање на основните начела и принципи на домашното и непартиско набљудување.

Имено, секоја од организациите потпиша документ според кој се обврузува да ги почитува следните начелата:

  •      Непристрасно, непартиско и објективно набљудување

  •      транспаретно и одговорно работење

  •      неутрално, правовремено и аргументирано известување

  •      посветеност и почитување на принципите на демократијата и владеењето на правото

  •  солидарност помеѓу организациите и индивидуите кои работат во сферата на  промоција на демократијата во земјата и надвор од неа.

 

Со овој документ потписниците се обврзуваат на поквалитетна и поефикасна работа со што МОСТ ќе даде пример на организација чија мисија е просперитетна, стабилна и демократска Македонија.