|
Програма: Едукација и вклучување на
граѓаните во демократските процеси
Цел: Зголемување
на степенот на инволвираност на граѓаните во прашања
поврзани со цивилното општество и односите со институциите
на системот, преку едукација за нивните права и обврски како
активни чинители на демократијата.
Проекти:
-
Граѓански водич низ Собранието на
Р.Македонија,
брошура во која се содржани работата и функционирањето на
највисокиот законодавен дом, правата и обврските на
пратениците и можностите за вклучување на граѓаните во
процесите на донесување одлуки.
-
Посети на
Собранието на Р.Македонија,
реализирани во соработка со Собранието на Р.Македонија и
неколку средни училишта од Скопје, кои имаа за цел
запознавање на матурантите со функционирањето на
законодавниот дом.
|