За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

Набљудување на Дополнителните Избори за Градоначалници 2003

 

Со оглед на тоа што заради одредени причини, во пет Општини градоначалничките места останаа празни, во мај 2003 год. беа спроведени дополнителните избори за градоначалници и тоа во: Кочани, Оризари, Василево, Демир Хисар и Шуто Оризари.

 

   Овие предвремени избори беа оценети како значајни, со оглед на фактот дека  одлуките на Локалната самоуправа имаат големо влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, а воедно истите претставуваа тест за подготвеноста на државните органи за повторно спроведување на фер и демократски избори, како и тест за мотивираноста на граѓаните повторно да излезат и да гласаат.

 

МОСТ беше единствената домашна невладина организација која регрутираше набљудувачи за овие предвремени Локални избори за градоначалници. Со оглед на веќе претходно стекнатото искуство, воопшто не беше тешко да се регрутираат и добро да се обучат 109 набљудувачи, кои на изборниот ден беа распоредени како статични и мобилни тимови на избирачките места.

 

На денот на изборите беа отворени регионалните канцеларии на МОСТ што ги покриваат тие општини и  централната канцеларија во Скопје. Набљудувачите информираа за текот на гласањето на  изборниот ден, а имаше и голем број на јавувања од страна на граѓаните на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

 

 И покрај забележаните мали неправилности на одредени места, изборите беа оценети како фер и регуларни, а работата на МОСТ уште еднаш беше квалификувана како многу значајна и одлично изведена.