За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

 }}} Најново во МОСТ

▪ ▪  МОСТ позитивен пример во граѓанското општество во Македонија

Граѓанска асоцијација МОСТ во досегашното пет годишното работење е оценета како позитивен пример во граѓанското општество во Македонија.

Ова е став на уредувачкиот колегиум на изданието “Позитивни примери на граѓанското општество во Македонија II“ кое во рамки на Граѓанската платформа на Македонија го реализираше Првата детска амбасада во светот- Меѓаши. Покрај МОСТ, во двете изданија свое место најдоа граѓански здруженија кои направиле многу за граѓаните, животната средина и за Р Македонија, воопшто.

 


▪ ▪ 
Презентација на Предлогот за измени и дополнувања на Изборниот Законик 17.12.2007

Предлогот за измени и дополнувања на Изборниот Законик е резултат на Проектот за подобрување на Изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности, што од мај до декември 2007 година го реализираа Граѓанската Асоцијација МОСТ, Министерството за правда на Р Македонија и Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.

Во подготвувањето на предлогот беа вклучени домашни и меѓународни експерти, претставници на политичките партии кои имаат пратеничка група во Собранието на Р Македонија, претставници на надлежни институции вклучени во изборниот процес и претставници на граѓанскиот сектор.

соопштение за медиуми...
 

▪ ▪  Меѓународен ден на волонтери 05.12.2007

 

 

 

Граѓанска Асоцијација МОСТ на сите волонтери им го честита меѓународниот ден на волонтери

 

▪ ▪  Пет години МОСТ 01.12.2007

Граѓанска Асоцијација МОСТ издаде извештај за своето петгодишно работење.

извештај...

▪ ▪  Мојот пратеник 09.10.2007

 

КОЛКУ РАБОТЕЛЕ И ШТО СРАБОТИЛЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ОВОЈ СОСТАВ

Мониторинг на работата на Собранието на Р Македонија

Граѓанската Асоцијација МОСТ во рамките на проектот  Мојот Пратеник го издаде вториот извештај од Мониторингот на работата на пратениците и Собранието на Р Македонија, за периодот од февруари 2007 до август 2007 година.

Во извештајот се содржани и податоците од испитувањето на јавното мислење што за потребите на овој проект е спроведено во периодот од 17-21 септември на статистички примерок од 1118 граѓани.

соопштение за медиуми...

е- верзија (3MB)

 

▪ ▪ Мобилен парламент

 

КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ ГРАЃАНИТЕ, ПРАТЕНИЦИТЕ И ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ Е КОРИСНА

 

Комуникацијата помеѓу граѓаните, пратениците и претставниците на локалната власт е корисна сметаат 89,93% од граѓаните кои учествувале на средбите од четвртата фаза на проектот Мобилен Парламент.

Сите или барем дел од информациите споделени на овие средби ќе им користат во понатамошната работа на повеќе од 90% од присутните, кои по завршувањето на секоја средба пополнуваат анкетен лист.
Најголем процент од граѓаните 41,03% се надеваат дека пратениците и претставниците на локалната власт ќе најдат заедничко решение на проблемот кој бил тема на дискусија, а 31,7% очекуваат да биде иницирана расправа на дадената тема во Собранието. 24,57% од анкетираните сметаат дека пратениците треба да поднесат барање за промени или дополнувања на законите, врз основа на препораките произлезени од средбата.

Во четвртата фаза на Мобилен Парламент планирано е да се организираат 46 јавни средби. 26 од нив веќе се реализирани во периодот март 2006- јуни 2007 година, а останатите 20 треба да се случат најдоцна до крајот на февруари 2008 година.

Проектот Мобилен Парламент се реализира од страна на Канцеларијата за контакт помеѓу НВОи и Собрание на Р Македонија, а поддржан е од Амбасадата на Кралството Холандија и ИТЗ преку фондови на УСАИД.

 

▪ ▪ Патуваме во Европа 03.09.2007
 

ВЛЕГОА ВО ЕВРОПА, НО СЕ ВРАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Претставниците на најдобрите студенти од Македонија, по едномесечен престој во Европа се вратија назад во Македонија. Тие сега се наоѓаат пред предизвик да допринесат кон подигање на јавната свет за тоа колку е важно сите граѓани на РМ да ги почитуваат и негуваат демократските вредности.

 

соопштение за медиуми...
 

▪ ▪ Патуваме во Европа 09.07.2007
 

СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ПАТУВААТ ВО ЕВРОПА
 

Студентите кои ќе бидат дел од тимот кој еден месец ќе патува низ Европа денеска ги подигнаа своите визи. За помалку од една седмица тие ќе го започнат своето патување, запознавајќи ги земјите и нивните демократски вредности, народите и културите. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето.

 

Од реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза, осигурување, студентска картичка и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка.

соопштение за медиуми...
 

▪ ▪ Проект за подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности 07.07.2007
 

ПОТРЕБНИ СЕ ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК
Подобрувањето на изборните правила води кон подобри избори
 

Граѓанската асоцијација МОСТ во соработка со Министерството за правда и Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, ќе работи за подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности, во согласност со Венецијанската комисија и извештајот на ОДИХР за Парламентарните избори во 2006 година.
 

соопштение за медиуми....
 

▪ ▪ Проект за подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности 29.06.2007


Граѓанската асоцијација МОСТ, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Министерството за правда на Р Македонија потпишаа договор за имплементирање на проектот за подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности.

 

Во работните групи ќе бидат ангажирани преведувачи избрани врз основа на Јавен конкурс кој трае до вторник 03.07.2007 година. Сите заинтересирани условите за ангажман можат да ги преземат на следните линкови.

 

преведувачи МКД-АНГ...

преведувачи АЛБ-МКД-АНГ...


Заинтересираните кандидати
своите биографии да ги достават на most@most.org.mk.


 

▪ ▪ Патуваме во Европа 27.06.2007

40 СТУДЕНТИ ЌЕ ТРГНАТ НА ПАТ НИЗ ЕВРОПА
Заврши поднесувањето на апликациите


Студентите кои сакаа да бидат дел од тимот кој еден месец ќе патуваат низ Европа ги поднесоа своите  апликации. Конкурсот за пријавување на студенти заврши на 26 јуни, а патувањето ќе започне на 16 јули. Сите информации за проектот и конечната листа на студентите кои ќе патуваат низ Европа ќе бидат достапни на интернет страната на проектот www.patvoevropa.org.mk.

 

Проект за подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности  18.06.2007


Граѓанската асоцијација МОСТ, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Министерството за правда на Р Македонија потпишаа договор за имплементирање на проектот за подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности.

 

Во работните групи ќе бидат ангажирани експерти избрани врз основа на Јавен конкурс кој трае до понеделник 25.06.2007 година. Сите заинтересирани условите за ангажман можат да ги преземат на следните линкови.

 

генерални експерти ...

експерт за надлежности на ДИК ...

експерт за финансирање на изборни кампањи ...

експерт за кривична и прекршочна постапка ...
 

Заинтересираните кандидати своите биографии да ги достават на most@most.org.mk.

 

▪ ▪ Патуваме во Европа 06.06.2007


Патуваме во Европа -

Конкурс за пријавување на студенти

Граѓанската асоцијација МОСТ на денешната прес конференција го промовираше проектот „Патуваме во Европа“ со кој на 40 студенти од Македонија, преку патување и посети, ќе им се овозможи директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија.

Подетално за проектот и апликација за конкурирање можете да најдете на www.patvoevropa.org.mk

соопштение за медиуми....
 

  ▪ ▪ Соопштение 15.02.2007

Граѓанската Асоцијација МОСТ се пресели во нови канцеларии. Новата адреса на централната канцеларија е

ул. Стрезово бр. 7
1000 Скопје

(Во близина на Германска Амбасада).

Телефонските броеви се:
+389 2 30 99 384
+389 2 30 99 385

факс. +389 2 30 86 430

▪ ▪ Генерална оцена Дополнителни локални избори Сарај 2007

Врз основа на обработените извештаи од набљудувачите, Граѓанската асоцијација МОСТ оцени дека Дополнителните избори за градоначалник и членови на Советот на Општина Сарај се спроведени генерално во мирна атмосфера, без забележани инциденти.

 

На денот на гласање забележано беше значително учество на жени гласачи, во споредба со претходните изборни циклуси, а видливо беше и присуството на полиција надвор од избирачките места и на територијата на цела општина. Евидентно е и подобрување на работата на членовите на избирачките одбори.

соопштение за медиуми ...
 

▪ ▪ Прес конференција 19 часот Дополнителни локални избори Сарај 2007

Врз основа на извештаите добиени до затворањето на гласачките места, гласањето беше спроведено во мирна атмосфера, без сериозни инциденти.

 

Забележано е значително учество на жени гласачи, во споредба со претходните изборни циклуси.

соопштение за медиуми ...
 

▪ ▪ Прес конференција 12 часот Дополнителни локални избори Сарај 2007

Дополнителните Локални избори во Општина Сарај, Граѓанската асоцијација МОСТ ги набљудува со 82 акредитирани набљудувачи.
Тие се распоредени во статични тимови на сите избирачки места, во текот на целиот ден, а логистичка поддршка им е овозможена од мобилни тимови. Работата на ДИК и ОИК исто така е предмет на набљудување. 

Извештаите добиени од набљудувачите говорат дека сите избирачки места се навреме отворени и набљудувачите на МОСТ се примени на истите.

соопштение за медиуми ...
 

▪ ▪ Дополнителни локални избори Сарај 2007

Дополнителните Локални избори во Општина Сарај, закажани за 14.01.2007 Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги набљудува со 82 акредитирани набљудувачи. Тие ќе бидат распоредени во статични тимови на сите избирачки места, во текот на целиот ден, а логистичка поддршка ќе им биде овозможена од мобилни тимови. Работата на ДИК и ОИК исто така ќе биде предмет на набљудување во текот на целиот ден и прибирањето и сумирањето на резултатите.

Како и за сите избори до сега, МОСТ ќе биде препознатлив по жолтите маици, што ќе ги носат набљудувачите, акредитацијата од ДИК и овластувањето од МОСТ што задолжително ќе ги поседува секој набљудувач.

соопштение за медиуми ...
 

▪ ▪ Студиска посета на Р. Полска

Претставници на Г. А. МОСТ во периодот од 7 до 14 Ноември 2006 година, учествуваа на студиска посета на Краков, по покана од Европскиот Универзитет  Tischner (TEU).
TEU, заедно со Центарот за истражување и креирање политики (Македонија) и Фондацијата Глобал- Контакт (Босна и Херцеговина) го започнаа проектот Common Voice.
Проектот Common Voice е фокусиран на изборните системи, практичните импликации и нивното имплементирање, управувањето на изборниот процес, како и потенцирање на предизвиците со кои се соочуваат изборните стручњаци и оние кои ги донесуваат одлуки.   
Проектот Common Voice обезбеди посети, размена на искуства и дебати на изборните стручњаци, претставници и комесари од Полска, Босна и Херцеговина и Македонија. Разменувањето на идеите и информациите помеѓу учесниците кои работат на слични проекти се покажа дека е од непроценлива важност за успешноста и подобрувањето на квалитетот на изборниот процес во земјите.   
Учесниците во проектот, исто така ги набљудуваа и Локалните избори 2006 година во Полска.

агенда ...
 

▪ ▪ Мобилен парламент 02.11.2006

Граѓаните сакаат дијалог со нивните избраници

88,46 проценти од граѓаните кои учествувале во третата фаза од проектот Мобилен Парламент сметаат дека дискусиите на пратениците и локалните власти со граѓаните се корисни.


Повеќе од 80 проценти сметаат дека темите кои се однесуваат на локални проблеми, а нивното решавање е можно преку интервенции во законите, се одличен избор и можност за граѓанско вклучување во процесите на донесување одлуки.


Ова се податоци изнесени во евалуацијата на третата фаза од проектот Мобилен Парламент, јавни средби на пратеници и претставници од локалната самоуправа со граѓаните, што го спроведе Граѓанската асоцијација МОСТ. Целата на активностите е да се овозможи константен дијалог помеѓу граѓаните и нивните избраници и да се поттикне решавање на соодветни проблеми.

 

Во 2005/2006 година, во рамките на овој проект, организирани беа 20 средби во сите изборни единици, а на истите присуствуваа 38, повеќе од 690 граѓани, како и претставници на локалната самоуправа и соодветните министерства.

 

Во четвртата фаза на Мобилен Парламент планирано е да се организираат 46 јавни средби.

 

Проектот се реализира од страна на Канцеларијата за контакт помеѓу НВОи и Собрание на Р Македонија, а поддржан е од Амбасадата на Кралството Холандија и ИТЗ преку фондови на УСАИД.
 

▪ ▪ Годишна конференција на ОБСЕ (HDIM)

Од 2 до 13 октомври, во Варшава, на највисоко ниво се одржува најголемата конференција за човекови права во Европа. Ова е единствената редовна годишна конференција на која претставниците на НВОи дебатираат на иста маса со претставниците на владите на сите 56 земји членки на ОБСЕ.
МОСТ по трет пат оваа година беше присутен на конференцијата, како и на состанокот на изборни експерти, кој на маргините на конференцијата се одржа на 08 октомври.
Целата на ова случување е претставниците на цивилниот сектор да ги потсетат своите Влади на нивните обврски и да лобираат за постигнување на повисоки стандарди.
Заклучоците и забелешките од оваа конференција ќе бидат претставени на состанокот на Советот на Министри на ОБСЕ во декември, оваа година.

 

 }}}  info-агол

}}} линкови

НВО Инфоцентар се пресели во нови простории

НВО Инфоцентарот од почетокот на 2008 година функционира во нови простории. Просториите се наоѓаат на ул. „Никола Тримпаре“ бр. 18, влез 2, кат 2, стан 5 (во близина на школото Ј.Х. Песталоци.


Телефонските броеви и е-маил адресите остануваат исти.

мапа...

 ▪ ▪ Официјална страница за Избори

 

▪ ▪ Собрание на Република Македонија

 

▪ ▪ Влада  на  Република Македонија

 

▪ ▪ Државна Изборна Комисија

 

▪ ▪ Државен Завод за Статистика

 

▪ ▪