За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

 

▪ ▪ Прес конференција 14ч [13.03.2005]

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2005

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

13.03.2005, Скопје

 

Врз основа на извештаите добиени од 3630 набљудувачи на МОСТ регистрирани се следните нарушувања на изборниот процес: обиди за прокси гласање, инциденти на неколку гласачки места и кршење на избирачки кутии, прекини на гласањето, агитирање и растурање на пропаганден материјал, како и користење на упатства за гласање само на албански јазик. Како илустрација на изнесеното ги посочуваме следните случаи:

 

ИМ 2348, Моране, општина Студеничани по настаната тепачка на гласачкото место и уфрлање на поголем број на гласачки ливчиња во кутијата, гласањето е прекинато.

 

Во општина Бутел, ИМ 2905, регистриран е упад на повеќе лица кои искршиле 3 од 4 кутии, по што гласањето било прекинато. Увид направила ОИК, а по донесувањето на нови гласачки кутии гласањето ќе продолжи.

 

На сите гласачки места во ОУ Братство, Тетово, настанала масовна тепачка, во која се вклучиле и членови на избирачките одбори. По интервенција на полицијата, гласањето продолжило.

 

Во Велес, ИМ 2159 имало прекин на гласањето поради исчезнато гласачко ливче, кое што подоцна е пронајдено со асистенција на полицијата.

 

На неколку избирачки места регистрирани се прекини во гласањето поради меѓусебни расправии и обиди за гласање во име на друг, групно гласање, како и непочитување на процедурата за гласање.

 

Според PVT програмата на МОСТ, одзивот на гласачите на територијата на град Скопје до 11часот бил 12,94 %, во 12 18,92 %, а во 13 часот изнесува 25,07%.

 

Најчести информации кои што ги дојавуваат граѓаните на 080 080 080 се делење на пропагндни материјали, агитации, за упатства на кутиите сам на албански јазик, како и групен превоз на гласачи до избирачките места.

 

 

# # # # #

 

За дополнителни информации: МОСТ тел. 02/ 32 38 426