|
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2005
ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА
14.03.2005,
Скопје
Првиот круг од Локалните избори 2005 според
извештаите на набљудувачите на Граѓанска асоцијација
МОСТ, во најголемиот дел од државата, согласно
пропишаните меѓународни стандарди, беше регуларeн,
фер, мирен и демократски, за сметка на неколку
општини во кои имаше целосно нарушување на изборниот
процес
Конкретно, нерегуларностите се однесуваат на
Липково, Кичево, Студеничани и Шуто Оризари.
Набљудувачите на МОСТ во овие региони регистрираа
нарушување на тајноста на гласањето, непочитување на
правилото еден човек еден глас, непочитување на
процедурата на гласање пропишана со закон, употреба
на огнено оружје за заплашување, меѓусебни физички
пресметки, насилно однесување, агитирање и напади
врз гласачи, кршење на гласачки кутии, недостаток на
избирачки материјал како и прекршување на изборниот
молк пред денот на гласањето.
Поради нарушување на изборниот процес, спреченост за
извршување на набљудувачката мисија, како и закана
по безбедноста, Граѓанската асоцијација МОСТ повлече
некои од своите набљудувачи.
Граѓанската асоцијација МОСТ ја спроведе
PVT (parallel vote tabulation)
програмата само за територијата на Град Скопје.
Според податоците од оваа програма од кандидатите за
градоначалници за Град Скопје најмногу гласови (во
проценти) добил независниот кандидат Трифун
Костовски 53,76 %, кандидатот на коалицијата За
Македонија заедно, Ристо Пенов, доби 31,02 %,
кандидатот на ДПА- ПДП, Аргтим Нагавци 6,91%, Сами
Фејзула, кандидат на ДУИ 6,86 %, а Џезаир Шаќири,
кандидат на НДП освоил 1,45%. На неважечките ливчиња
им отпаѓаат 1,9 %.
Што се однесува до советниците во советот на Град
Скопје, според
PVT
резултатите на МОСТ, најмногу советнички места
освоила листата на коалицијата За Македонија заедно,
16, ВМРО ДПМНЕ има освоено 13 места, листата на ДУИ
3, ДПА- ПДП 3, на ВМРО НП 4 , на ДА 3, листата на
Лига за демократија 2 и листата на НДП 1 советничко
место.
Одзивот на гласачите за територијата на Град Скопје
изнесува 49,83%.
Граѓанската асоцијација МОСТ, се надева дека
горенаведените неправилности се доволно
предупредување и обврска за нивно елиминирање во
вториот изборен круг, како на надлежните државни
органи, така и на учесниците во изборниот процес.
# # # # #
За дополнителни информации: МОСТ тел. 02/ 32 38 426
|