За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

 

▪ ▪ Прес конференција 11ч 13.03.2005

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2005

 

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

13.03.2005, Скопје

 

Граѓанска асоцијација МОСТ за следење на денешното гласање распореди 3630 набљудувачи, број доволен за да се покријат 60% од гласачките места. Оние места на кои што нема распоредено статични набљудувачи во текот на денот ќе бидат посетени од мобилните тимови на МОСТ.

 

Сите распоредени набљудувачи се пристигнати на гласачките места и го следат процесот на гласање. Врз основа на нивните извештаи регистрирани се следните случувања:

 

На ИМ 2891 и 2892, ОУ Лирија, Чаир гласањето започнало со задоцнување, заради тоа што вработените во училиштето задоцниле со неговото отворање. Гласањето е во тек.

 

ИМ 2205 с. Горно Јаболчиште, Чашка имало обид за гласање без важечки документи од страна на поголема група граѓани. Состојбата е стабилизирана и гласањето продолжило.

 

На ИМ 0844, Пензионерски дом, Кочани дошло до тепачка помеѓу гласач и овластен претставник. ОИК интервенирала и гласањето е продолжено.

 

Во ИМ 1589, Раклиш, Радовиш, поради недостаток на ливчиња гласачкото место е отворено со задоцнување од 1 час и 30 минути.

 

ИМ 0766, Ехловец, општина Другово воопшто не е отворено поради недостапност на теренот.

 

На ИМ 2345, 2346, 2347 во Студеничани, на овластени претставници не им било дозволено да го следат процесот на гласање. Истото се случило и на гласачките места 2349, 2350 и 2351 во Батинци.

 

Во своите јавувања на 080 080 080, граѓаните најчесто јавуваат за агитирање пред избирачките места, како и за дистрибуирање на пропаганден материјал во текот на ноќта.

 

Според PVT програмата на МОСТ, одзивот на гласачите на територијата на град Скопје до 9 часот 4,47 % а до 10 часот 8,11%.

 

 

# # # # #

 

За дополнителни информации: МОСТ тел. 02/ 32 38 426