|
▪ ▪
Новости и прес
конференции - Парламентарни избори 2006
|
▪ ▪
Прегласување на избори 19.07.2006
Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше прегласувањето на
изборите со 29 статични набљудувачи и мобилни тимови
Изјава за медиуми 14:30h...
Изјава за медиуми
19:30h...
|
|
▪ ▪
МОСТ ќе го набљудува прегласувањето на изборите
18.07.2006
Прегласувањето на Парламентарните избори 2006 што ќе се
одржи на 19 јули на 29 избирачки места во изборните единици
1, 5 и 6, Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи со 29
статични набљудувачи. Тие во текот на целиот ден ќе го
набљудуваат процесот на гласање на гласачките места. Покрај
тоа, ќе има и мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка
поддршка на статичните набљудувачи.
Изјава за медиуми ...
|
|
▪ ▪
Прелиминарна изјава 06.07.2006
Врз основа на извештаите добиени од набљудувачите,
распоредени на 70 проценти од избирачките места во Р
Македонија, како и од регионалните координатори, Граѓанската
асоцијација МОСТ денот на Парламентарните избори 2006, го
оцени како стабилен но со тип на инциденти
кои беа карактеристика и на претходните изборни циклуси,
како што се полнење кутии кое овојпат споредбено беше со
доста помал интензитет, за сметка на прокси и групното
гласање кои беа зголемени. Регистрирани се и проблеми со
спроведување на процедурата на пребројување на
гласовите.
Прелиминарна изјава ...
Резултати по ИЕ
|
|
▪ ▪
Прес конференција 14.30
часот
Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите,до
14 часот,на неколку ИМ се забележани неправилности.
Изјава за медиуми ...
|
|
▪ ▪
Прес конференција 11 часот
Граѓанската асоцијација МОСТ, Парламентарните избори 2006,
ги набљудува со 3500 акредитирани набљудувачи, распоредени
на 70 проценти од избирачките места. Сите распоредени
набљудувачи се примени на избирачките места и го следат
процесот на гласање.Според потврдените информации, дојавени
од набљудувачите, забележани се изолирани неправилности на
гласачките места.
Изјава за медиуми ...
|
|
▪ ▪
Прес конференција 27.06.2006
Врз
основа на добиените 169 извештаите од регионалните
координатори, Граѓанската асоцијација МОСТ, на
конференцијата за медиуми ја изнесе оценката за текот на
предизборната кампања.
МОСТ, предизборната кампања ја оценува како вжештена,
изразено интензивна, со меѓусебни навреди и напади помеѓу
политичките субјекти, со забележани случаи на притисоци врз
граѓаните и употреба на деца во предизборните собири. Исто
така забележана е и не ретка појава на прелепување,
обезличување и уништување на пропагандните материјали.
Во исто време
МОСТ ги поздравува напорите на ДИК за соодветна едукација на
членовите на ОИК, Избирачките одбори, но пред се во делот на
едукција на граѓаните за начинот на остварување на правото
на глас и процесот на гласање. За пофалба е присуството на
членовите на изборните органи на организираните обуки, нешто
што во минатото и не беше пракса. МОСТ верува дека на денот
на изборите тие ќе ја одработат својата задача на ниво на
професионалност и ќе придонесат за транспарентен и фер
процес на гласање.
соопштение за медиуми ...
|
|
▪ ▪
Парламентарни
избори 2006

Во
рамките на кампањата “Домашно набљудување на Парламентарните
избори 2006“ на 16.06.2006, Граѓанската асоцијација МОСТ ја
одржа втората средба со регионалните координатори.
На
средбата беше дискутирано за досегашниот тек на кампањата,
начинот на реализирање на обврските од страна на
регионалните координатори, како и за понатамошните
активности.
На
наредната средба, планирана за крајот на месец јуни, ќе
бидат разгледани материјалите кои ќе ги користат
набљудувачите на денот на изборите.
|
|
▪ ▪
Прес конференција 07.06.2006
Во
насока на почитување на определбата за фер и демократски
избори и создавање на позитивна атмосфера пред
Парламентарните избори 2006, Граѓанската асоцијација МОСТ,
до учесниците во изборите, уште еднаш апелира за придржување
кон правните норми кои го регулираат овој процес и за
одржување на позитивна предизборна атмосфера.
соопштение за медиуми ...
|
|
▪ ▪
Прес конференција 24.05.2006
Со
необјавување на места каде што е дозволено да се истакнуваат
плакати без надоместок, од страна на општините и Градот
Скопје, прекршен е членот 78 од Изборниот законик.
И партиите не останаа имуни на
прекршување на законот, започнувајќи ги изборните кампањи
предвреме. Почетокот на истите, според закон, треба да биде
20 дена пред денот определен за избори, односно на 15 јуни.
Ставовите на
МОСТ по овие две прашања беа изнесени на конференција
за медиуми.
соопштение за медиуми ...
|
|
▪ ▪
е - Избирачки список
Со
почетокот на проверката во Избирачкиот список (05.05.2006
год.) Граѓанската асоцијација МОСТ ја започна својата
кампања за поттикнување на граѓаните да се проверат во
Избирачкиот список и со тоа да земат активно учество во
изборниот процес.
Во
рамките на кампањата МОСТ подготви флаери кои беа вметнати
во дневните весници и ќе организира проверки во е -
Избирачкиот список низ цела Македонија со помош на 19- те
регионални канцеларии.
|
|
▪ ▪
Парламентарни избори 2006
Граѓанска
асоцијација МОСТ ги започна активностите планирани во
рамките на проектот „Домашно набљудување на Парламентарните
избори 2006“.
Првата средба со регионалните координатори е искористена за
утврдување на динамиката и начинот на работа. Планирани се
уште две вакви средби во текот на проектот.
|
|
▪ ▪
Можност за интернет проверка во Избирачки список
Гласачите
од Р Македонија добија можност за нов начин на проверка на
податоците во Избирачкиот список.
На интернет страната
www.izbirackispisok.gov.mk
во законскиот рок од 5 до 19 мај, граѓаните можат со
внесување на име, презиме и единствен матичен број да
проверат дали се запишани во избирачки список и на кое место
гласаат. Исто така можат да добијат податоци за начинот на
запишување, бришење и промена на податоците во истиот.
Избирачки список на интернет е активност на Граѓанската
асоцијација МОСТ и Министерство за правда на Р Македонија.
соопштение за медиуми ...
|
▪ ▪
Јавна расправа
по текстот на Изборниот законик
[15.02.2006]
Обезбедување на транспарентност на целиот процес на
изготвување на Изборниот законик, како и отворање на дебата
по прашањата кои се уште се отворени, беше целта на втората
Јавната расправа по текстот на Изборниот законик, во
организација на Граѓанска асоцијација МОСТ во соработка со
Министерството за правда на Р Македонија.
Присутните на расправата ги отворија прашањата за Избор и
состав на изборни органи, дефиниција и финансирање на
изборна кампања и санкции кои треба да се предвидат за
прекршителите на изборниот процес.
Забелешките и препораките изнесени од страна на присутните
експерти, претставници на државни институции и политички
партии, треба да придонесат кон подобрување на текстот на
законикот.
Работната верзија на Изборниот законик, кој што треба да
претставува фундамент за спроведување на фер и демократски
избори, е подготвена од страна на работна група составена од
експерти, координирана од страна на Министерството за правда
на Р Македонија и МОСТ.
Сите изнесени забелешки, препораки и заклучоци, кои
произлегоа на Јавната расправа, ќе бидат земени во предвид
при подготовката на финалната верзија на Изборниот законик,
кој треба да биде донесен од страна на Собранието на Р
Македонија.
слики...
|
| |
|