|
МОСТ ПВТ програма
резултати -
податоците се со точност 95 %, додека можната грешката за
секој од кандидатите посебно е помала од 1%
Распределба на гласови
-
Излезеност на гласачи

Известувања на набљудувачите на МОСТ
На гласачко место 017, с.
Негрево, Оштина Пехчево, меѓусебе се степале
членовите на избирачкиот одбор како и партиските набљудувачи.
По интервенција на полицијата и ОИК и прекин на гласањето од
оклу 30 мин., гласањето епродолжено.
Гласачко место 1900, с. Мислодежда
и Гласачко место 1903, с. Џепин,
Општина Делогожди забележани се случаи на гласање за друг или
прокси гласање.
Гласачко место 0814, с. Зајас- Теќе,
Општина Зајас, забележани се случаи на прокси гласање.
Гласачко место 0277 с. Пласница,
Општина Пласница, сите набљудувачи се избркани од гласачкото
место. По прекин од 15-20 мин. и интервенција на ОИК гласањето
е продолжено и набљудувачите се вратени.
По јавување на граѓани, мобилен тим на МОСТ ги посети
гласачките места 2890
и 2892,
ОУ Лирија, Општина
Центар и при увидот забележа дека евидентно е полнење на
гласчките кутии.
На избирачкото место 2893, ОУ Тефејуз,
група неиндификувани лица уфрлила поголем број ливчиња
во гласачката кутија. По ова набљудувачот на МОСТ е повлечен.
* * *
На гласачкото место 2234
општина Чашка, Велес, задоцнето е со почетокот на
гласањето поради недоразбирање на членовите на гласачкиот
одбор, затоа што некои од членовите барале на гласачите да им
биде дозволено гласање со здравстевена легитимација.
На гласачкото место 2050, с.
Синичане, Општина Камењане, во 08:50 часот скршена
е гласачката кутија. По 40 минутен прекин донесена е нова
гласачка кутија по што гласањето продолжило. Увид на местото
направиле полицијата и ОИК.
Јавувања на 080 080 080
Граѓаните најчесто реагираат на кршење на изборниот молк со
расфрлање на материјали со пропагандна содржина за
кандидатите.
Граѓаните од Кичево јавуваат дека на лица им било дозволено да
гласаат без претходно да бидат идентификувани соодветно.
|