|
▪ ▪
Адресар на
Невладини организации
Во рамките на програмата
Отворени институции, ГА МОСТ ќе изработи Адресар на
здруженија на граѓани кои се заинтересирани за соработка со
Собранието на Р Македонија. Адресарот ќе претставува база
на податоци за Здруженија на граѓани во Р Македонија, а ќе
содржи податоци на оние здруженија кои се активни и кои
работат во насока на развој на демократијата за Р
Македонија.
Критериуми врз основа на кои ќе
се изврши селекција на пријавените здруженија се:
-
Мисија на организацијата апликант
-
Профил на здружението, сфера на делување и приоритети
-
Реализирани проекти во претходаната година и проекти во
тековната година
-
Учество во мрежи на НВОи
-
Број на вработени и реализиран буџет во претходната и
тековната година
-
Техничка опременост и работни услови
-
Искуство во работа со Собранието или други државни
институции
За секое здружение, во
адресарот, ќе бидат вклучени контакт информации, како и
информации за мисисјата, визијата, основните програми,
најзначајните достигнувања, тековни проекти итн.
Адресарот ќе биде поделен на
повеќе области кои ќе соодветствуваат со поделеноста на
комисиите во Собранието на Р Македонија, а селекцијата на
здруженијата кои ќе бидат вклучени во адресарот ќе ја
направи работна група составена од координаторот и
асистентот на проектот, член на ИО на ГА МОСТ, член на
советодавното тело на ГА МОСТ и претставник од донаторот.
Особена благодарност изразуваме до Амбасадата на САД која
финансиски ги поддржа конкретните проектни активности како и
до
Freedom House-Budapest која го финансира
административното работење на МОСТ.
|