|
▪ ▪ Иницијатива за законски измени
Четврта
тркалезна маса
Граѓанската
асоцијација МОСТ продолжи со реализација на проектот
Иницијатива за законодавни реформи. Во склоп на проектот
се одржа
четвртата
тркалезна маса посветена на Законот за референдум и
граѓанска иницијатива. На оваа тркалезна маса повторно
експерти од Правниот факултет во Скопје, заедно со дел од
народните претставници,
претставници од Министерството за правда, ДИК и невладиниот
сектор,
формулираа препораки за измени на Законот за референдум и
граѓанска иницијатива. Иницијативата за дополнување на овој
Закон произлезе од потребата за дополнување и допрецизирање
на неговите одредби, со цел да се избегнат пропустите кои
беа забележани за време на референдумот од 7 ноември 2004.
Четвртата тркалезна
маса на тема
Реформи
во изборното законодавство
се одржа на 13 декември 2004 година, во просториите на Хотел
Јадран. Работната група за
формулација на препораки од областа на референдумот беше
составена од професорите од Правниот факултет во Скопје:
Тања Каракамишева и Рената Треневска Дескоска, како и
пратениците: Цветанка Иванова, Благоја Стојаноски, Талат
Џафери и Зоран Шапуриќ.
препораки...
|