|
▪ ▪ Иницијатива за законски измени
Трета
тркалезна маса
По двете успешно одржани тркалезни маси на тема Реформи во
изборното законодавство, Граѓанската асоцијација МОСТ, во
рамките на проектот Иницијатива за законодавни реформи
продолжува со напорите за промени во изборното
законодавство.
На третата тркалезна маса посветена на изборното
законодавство
работната група беше составена од
Рената Треневска Дескоска, професор на Правниот факултет
во Скопје; Тања Каракамишева, професор на Правниот факултет
во Скопје; Зоран Шапуриќ, пратеник и претседател на
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците;
Цветанка Иванова, пратеник и претседател на
Законодавно-правната комисија; Благоја Стојаноски, пратеник
и Талат Џафери, пратеник.
Темата на оваа тркалезна маса беше
финансирањето на изборната кампања. Незаконската пракса во
начинот на финансирањето на кампањите, како и нивното
нетранспарентно водење се заеднички проблеми на речиси сите
држави. Токму поради тоа, Република Македонија се обидува да
ги реши проблемите на ограничување на трошењето од страна на
политичките партии, обезбедување на транспарентност и
контрола врз финансирањето на изборната кампања.
препораки>>>
|