|
Средба на Мобилен Парламент во
Тетово
Граѓаните од Тетово имаа можност да разговараат со
пратениците од ИЕ 6 на 09.02.2004 год. со почеток во
18:00 часот во салата на Општина Тетово, на
една од најгорливите теми кои го засегаат овој град
Урбанистички план на Тетово- спречување на дивоградбите.
Во дискусиите беше кажано дека најголемиот урбанистички
проблем со кој се соочува градот е немањето на зелени
површини и паркови како и немањето да доволно паркинг
простор.
Присутните граѓани и пратениците Зоран Томиќ (СДСМ) и
Хусеинџеват Хусеини (ДУИ) дискутираа и за тоа дали
објектите кои нелегално добиле дозволи за градба, или пак
објектите кои што се изградени без дозвола повеќе ја
нарушуваат урбаната слика за градот.
Заклучено беше дека сериозно треба надлежните да се зафатат
со разрешување на овие проблеми и дека урбаниот лик на
градот ќе се зачува само доколку доследно се почитуваат
законите.
Галерија на слики |