|
Десетта средба од Мобилен Парламент,
Струмица,
дата: 30 Јуни 2003
Десетта
средба во рамките на проектот Мобилен Парламент се одржа на
30.06.2003 год. во Струмица, со пратеници и граѓани од ИЕ4.
Тема на средбата беше Иднината на земјоделството и
земјоделските култури.
На средбата беа присутни пратениците: г-дин Владо Паунков
(СДСМ), г-ѓа Силвана Бонева(ВМРО ДПМНЕ) и г-ѓа Лилјана
Ивановска (ЛДП).
Модератор на средбата беше г-дин Драган Антоновски, новинар.
Присутните граѓани, на средбата ги изнесоа своите мислења и
предлози за подобрување на состојбата на земјоделството во
регионот како и примери за конкретни акции во насока на
добивање подобри цени за земјоделскиот производ.
Извештајот од средбата, со предлозите, ќе биде дистрибуиран
до сите 120 пратеници во Собранието на Р Македонија.
Граѓанската асоцијација МОСТ се надева дека мислењата и
предлозите на граѓаните ќе поттикнат размислувања во истата
насока и соодвентите прашања ќе најдат место во постоечките
или во нов закон.
Галерија
на слики
за превземање :
Извештај за средбата во Струмица
<<<
назад
|