|
Тринаесетта средба од Мобилен Парламент,
Штип,
дата: 21 Јули 2003
Тринаесетта
средба во рамките на проектот Мобилен Парламент се одржа на
21.07.2003 год. во Штип, со пратеници и граѓани од ИЕ4. Тема
на средбата беше Правата на вработените во индустриските
капацитети од Штипскиот регион.
На средбата беа присутни пратениците:
Г-дин Благој
Голомеов (ЛП), Г-ѓа Марија Којзеклиска (ВМРО-ДПМНЕ) и Г-дин
Митко Николов (СДСМ).
Модератор на средбата беше г-дин Драган Антоновски, новинар.
Во најголемиот дел од дискусиите на присутните, беа
истакнувани примери за прекршување на прават на вработените
во приватните фирми. Речено беше дека работодавачите ги
експлоатираат своите работници со тоа што им ги ускратуваат
сите права кои што законски им следуваат. Исто така беа
споменати и недоследности на кои се наишло при примената на
Законот за поттикнување на вработувањето.
Извештајот од средбата, со предлозите, ќе биде дистрибуиран
до сите 120 пратеници во Собранието на Р Македонија. Се
надеваме дека мислењата и предлозите изнесени на средбата ќе
бидат земени во предвид од пратениците при евентуалните
измени на законот.
Галерија на
слики
за превземање :
Извештај за средбата во
Штип
<<<
назад
|