За Мост

english  shqip

Add to favorites Write e-mail

 

За Мост  ●  програми/проекти  ● фото архива  ● прес архива контакт    донатори

 

Програми
Програми

Транспарентност

} Парламентарни избори 2006
} Локални избори 2005
} Референдум 2004
} Набљудување на Претседателските Избори 2004
} Домашно набљудување на избори 2002

} Домашно набљудување на избори 2003

} Оценување на пратеници

} Финансирање на политички партии

Отворени институции

} Иницијатива за законодавни реформи
} Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на РМ
} Адресар на НВОи
} Мобилен Парламент
} Конференција
 

Едукација

} Посети на Собрание

} Граѓански водич низ Собрание

 

Други активности

 

 Меѓународна / регионална  соработка 

Петнаесетта средба од Мобилен Парламент, Прилеп, дата: 29 Јули 2003

Петнаесеттата средба во рамките на проектот Мобилен Парламент се одржа на 29.07.2003 год. во Прилеп, со пратеници и граѓани од ИЕ3. Тема на средбата беше Потребни ли се измени во Законот за здруженија на граѓани

На средбата присуствуваше пратеникот г-дин Благоја Гешоски (СДСМ).

Присутни беа 42 граѓани и претставници на Здруженијата на граѓани од Прилеп.

Модератор на средбата беше г-дин Драган Антоновски, новинар.

Дискусијата која се водеше страна на претставниците на Здруженијата на граѓани, се состоеше во искажани забелешки во врска со актуелните проблеми при нивната работа кои произлегуваат од Законот за здруженија на граѓани и фондации.

Во текот на дискусијата, присутните се согласија дека постоечкиот закон во потполност не ја регулира работата на здруженијата, а од страна на пратеникот беше нагласено дека во Собраниска процедура е подготовка на нов Закон.

Извештајот од средбата, со предлозите, ќе биде дистрибуиран до сите 120 пратеници во Собранието на Р Македонија. Се надеваме дека мислењата и предлозите изнесени на средбата ќе бидат земени во предвид од пратениците при евентуалните измени на законот.

Галерија на слики

за превземање Извештај за средбата во Прилеп

<<< назад