|
Дванаесетта средба од Мобилен Парламент, Охрид, дата:
11 Јули 2003
Дванаесетта
средба во рамките на проектот Мобилен Парламент се одржа на
11.07.2003 год. во Охрид, со пратеници и граѓани од ИЕ5.
Тема на средбата беше Законот за туризам, предности и
недостатоци.
На средбата беа присутни пратениците:
Г-ѓа Цветанка
Гашоска (СДСМ), Г-ѓа Цветле Јанеска (СДСМ) и Г-ѓа Ристана
Лалчевска (ЛП).
Модератор на средбата беше г-дин Драган Антоновски, новинар.
Присутните на средбата ги предочија недостатоците во Законот
за туризам и дадоа свои предлози за подобрување на истиот.
Извештајот од средбата, со предлозите, ќе биде дистрибуиран
до сите 120 пратеници во Собранието на Р Македонија. Се
надеваме дека мислењата и предлозите изнесени на средбата ќе
бидат земени во предвид од пратениците при евентуалните
измени на законот.
Галерија на
слики
за превземање :
Извештај за средбата во
Охрид
<<<
назад
|