|
Шеста средба од Мобилен Парламент одржана во Битола,
дата: 5 Јуни 2003
На 05.06.2003 год. во Битола се одржа шестата по ред средба
на пратеници со граѓани, во рамнките на проектот Мобилен
Парламент. Тема на дискусијата беше Грчките инвестиции во
битолскиот регион. Во своите излагања, дискутантите
најмногу се задржаа на тоа дали и колку странските
инвеститори го почитуваат Законот за работни односи, односно
дали работниците во фирмите со странски капитал ги уживаат
своите основни права.
На средбата присутни беа пратениците: г-ѓа Ристана Лалчевска
(ЛП), г-дин Илија Србиновски (ВМРО ДПМНЕ) и г-дин Кире
Гештаковски (СДСМ).
Присутни беа претставници на НВОи од регионот, претставници
на државни институции и граѓани од ИЕ5.
Модератор на средбата беше г-дин Драган Антоновски, новинар.
Препораките што произлегоа од дискусијата ќе бидат доставени
до сите пратеници во Собранието. МОСТ се надева дека истите
ќе им бидат од корист на пратениците при согледувањето на
состојбата и изнаоѓањето начини за поефикасно справување со
овие проблеми.
Галерија на
слики
за превземање :
Извештај за средбата во
Битола
<<<
назад |