Активни за демократија

Активни за Демократија

Основни податоци

Проектот  Активни за Демократија, претставува продолжување на долгорочните напори за подигнување на свеста и зголемување на активизмот кај младите гласачи во државата кои започнаа во 2004 година преку проектот Прв Пат Гласам.  Главните предизвици адресирани од страна на проектот Активни за Демократија се недостатокот од познавање на младите гласачи за теми поврзани со изборите како и нискиот степен на заинтересираност за активно учество во демократските процеси. Исто така, проектот го опфаќа и недостатокот на капацитети на моменталното формално образование за соодветно образование на младите гласачи. Во таа насока, проектот ја третира и потребата за постојано образование на гласачите која претставува еден од предизвиците со кои државата се соочува како и начин за надминување на неправилностите во текот на изборните процеси во државата.

Општи цели:

Општите цели на проектот е придонес кон зајакнување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и преку промоција на потребата од активно учество во демократските процеси.

Специфични цели:

-          Подигнување на свеста на младите гласачи за теми поврзани со изборите како и потребата од  нивно постојано вклучување во демократските процеси.

-          Зајакнување на капацитетите на формалното образование преку пренесување на знаењето за правата и одговорностите на младите гласачи поврзани со изборите.

Планирани активности:

  • Подигнување на свеста кај младите гласачи за проверка во Избирачкиот список пред претстојните Локални избори 2013 година како и интернет комуникација со младите гласачи во текот на изборниот период.
  • Зајакнување на капацитетите на формалното образование преку креирање на дополнителен прирачник наменет за професорите во средните училишта.
  • Спроведување на “Активни за Демократија” јавни настани и кампања на интернет.

Клучни актери: Целната група е воспоставена да опфати 12.000 млади гласачи и 300 професори од сите 94 средни училишта.

Овој проект е финансиски поддржан од Европската Унија.

30.01.2013,Соопштение за медиуми

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction