Правен ресурсен центар

Правен ресурсен центар - Pravo.org.mk

Општи податоци за проектот
Правниот ресурсен центар беше промовиран како прв бесплатен и лесен за користење правен интернет ресурс за граѓаните на Македонија (www.pravo.org.mk).  МОСТ постојано ја ажурира страната со цел да им овозможи пристап на граѓаните и граѓанските организации до сите закони и судски одлуки, предлог закони и меѓународни договори. Овие податоци ги ставаат граѓаните и граѓанските организации во подобра позиција ефикасно и ефективно да учествуваат во законодавните процеси. Во 7те години од своето постоење Правниот ресурсен центар стана една од најпосетуваните некомерцијални интернет страни во државата. Неговите услуги денес ги користат широк спектар на поединци и институции, вклучувајќи адвокати, академици, новинари и претприемачи, со што оваа страна се позиционираше дури и во поголеми рамки од првично таргетираната публика. Линкови на порталот се објавени на интернет страната на Собранието на РМ и на НВО – Инфо Центарот.
Правниот ресурсен центар одигра клучна улога во промовирањето на соработката помеѓу различните граѓани и Собранието во воспоставувањето на добри практики на вклучување. Во текот на изминатиот период страната активно го поддржуваше и поттикнуваше процесот на партиципативна демократија и учеството во креирање политики и донесување одлуки. Од една страна, ова е резултат на лесниот пристап до информации поврзани со легислативата овозможена преку Pravo.org.mk, како многу важен услов за зголемување на граѓанското учество. Од друг аспект, ова е резултат на пошироко признавање на неформални механизми обезбедени со Pravo.org.mk за учество на граѓаните во креирањето политики и донесување одлуки во Собранието.


Специфични цели

  • Добро воспоставена алатка за слободен и лесен пристап до законите на Република Македонија, како и директен линк и совети за пребарување на законодавство на ЕУ / EUR-LEX;
  • Добро воспоставена и промовирана алатка за слободен и лесен пристап до судската пракса од Р Македонија официјално објавена од страна на Врховниот суд вклучувајќи ја судската пракса на Европскиот суд за човекови права;
  • Обезбедување и промовирање на слободен и лесен пристап до анализи на специфични предлози на закони и иницирање јавни дискусии и дебати за нив.

Клучно достигнување

Од 2004 година, Правниот ресурсен центар (www.pravo.org.mk) стана најмоќниот и најчесто користен бесплатен онлајн ресурс во Македонија за закони, судската пракса и анализи, со повеќе од 48.000 регистрирани корисници и просек од 2189 засебни посети како и 7430 преземања на ден. Следејќи го успехот на, и јавната побарувачка за типот на информации обезбедени од страна на правниот Ресурсен центар, Службен весник на Република Македонија, промени дел од своите практики и деловни правила за да овозможи ограничен слободен пристап до својата архива на постари изданија. Меѓутоа, Правниот ресурсен центар останува единствен извор на слободни, тековни информации за законодавството и судската пракса.

Овој проект беше финансиски подржан од страна Шведскиот Хелсиншки Комитет за човекови права, Швајцарската агенција за развој и Амбасадата на Кралството Холандија. Од јули 2010 проектот е финансиски само одржлив.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction