Мојот парламент

Мојот Парламент

Општи податоци за проектот
Мојот Парламент е акциско - истражувачки проект кој преку набљудување и истражување  ја известува јавноста за употребата на законските обврски и овластувања во партиципативниот процес за подобрување на демократскиот надзор врз спроведувањето на националната политика како и учеството на граѓаните во процесот на креирање политики и консултации.

Проектот е продолжение  или чекор понатаму на проектот „Мојот Пратеник“, кој претставува еден од најуспешните приказни на МОСТ во однос на подобрување на работата и функционирањето на Собранието на Република Македонија.

Напорите на Собранието да ги вклучи граѓаните, граѓанските организации и експертската јавност со цел да се обезбедат одржливи решенија и политики, се под секое задоволително ниво. Во повеќето случаи граѓанските организации се злоупотребуваат во процесот на консултации. Најчесто носителите на одлуки ги канат граѓанските организации на консултации само за да имаат солидно оправдување и за да покажат дека процесот е инклузивен, без притоа да бидат отворени да прифатат било која од препораките или решенијата понудени од страна на организациите.

Преку набљудување, собирање на податоци, анализа и јавно објавување на наодите за учеството на граѓаните и нивното влијание во процесот на креирање политики, проектот ќе ги поттикне Собранието и пратениците да ги консултираат, вклучат и прифатат препораките на граѓанските организации, а од друга страна оваа практика ќе ги зајакне граѓаните и граѓанските организации во оваа област.

Цел на проектот

Проектот Мојот Парламент ќе  даде придонес кон зголемување на влијанието и учеството на граѓанските организации во процесот на креирање политики и донесување на одлуки,  преку поттикнување на Собранието и пратениците повеќе да ги користат законските можности за нивна поголема вклученост. Во исто време преку проектот се промовира концептот на партиципативна демократија и вклучување  на граѓаните во општеството преку споделување на најдобрите практики како основа за функционална демократија.


Овој проект е финансиски поддржан од  Националниот фонд за демократија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction