Отворен парламент

Отворен Парламент

Со намера да се одбележи „Денот на Европа-9ти мај“, Собранието на РМ или поконкретно Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ , испрати покана до МОСТ да биде дел од организацискиот одбор и да биде одговорен за граѓанската компонента од настанот. Имајќи на ум дека транспарентноста на институциите е една од основните вредности кои МОСТ ги промовира во општеството и со однос на тоа дека ваков настан беше оценет како компатибилен со мисијата на организацијата, МОСТ реши да прифати да биде дел од одборот и да учествува на самиот настан. Овој настан беше волонтерска активност на МОСТ.

Самиот настан беше дизајниран за да:

  • Го приближи Собранието како највисок законодавен и претставнички орган поблиску до граѓаните;
  • Го промовира Собранието како транспарентна и отворена институција;
  • Ја подобри комуникацијата помеѓу пратениците и граѓаните;
  • Ја подобри комуникацијата и соработката помеѓу пратениците и граѓанските организации.


Достигнувања

  • Повеќе од 600 граѓани го посетија Собранието;
  • Организирани посети  на Собранието од групи ученици од 5 средни училишта од Скопје;
  • Организирана јавна дебата „Кон отворен и транспарентен дијалог помеѓу Собранието на РМ и граѓанското општество“ во рамките на настанот во просториите на самото Собрание на која учество земаа пратеници, медиуми и граѓански организации.

Период на имплементација

Мај 2010

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction