Меѓународен ден на демократијата

Меѓународен ден на демократија

Овој проект е заедничка активност на Собранието на РМ и МОСТ
Во името на добрата соработка и со цел да се даде поддршка на Собранието во 2008 година МОСТ беше поканета од страна на Собранието да биде дел од настанот со кој ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократија – 15ти септември. Бидејќи беше соопштено дека ова ќе стане или ќе премине во традиционален настан МОСТ одлучи да се приклучи и да биде дел од прославата. Граѓанската компонента од овој настан беше доделена на МОСТ.

Цели

  • Промоција на Меѓународниот ден на демократија;
  • Подобрување на знаењето на граѓаните за начинот на функционирање на Собранието и работата на пратениците;
  • Промоција на концептот на граѓанско вклучување во процесот на креирање политики и донесување на одлуки.

Достигнувања

  • Повеќе од 2000 граѓани го посетија Собранието;
  • Организирани посети од ученици од 5 средни училишта од Скопје;
  • Организирани групни посети од 11 града од цела Македонија;
  • Организирана панел дискусија во Собранието на тема „Кон зголемено учество на граѓанското општество во надзорната и законодавната улога на Собранието на РМ “;
  • Продуциран промотивен видео спот на македонски и албански јазик;
  • Продуцирани и дистрибуирани повеќе од 100 000 летоци за промоција на настанот на македонски и албански јазик.


Период на имплементација

15 септември 2008
15 септември 2009

Овој проект беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction