Глобален ден на избори

Глобален ден на избори

Целта на оваа активност е да придонесе кон прославата на Глобалниот ден на избори, кој се прославува првиот четврток од февруари секоја година, со намера да ја потпомогне вербата на изборните претставници во неповратноста на демократските процеси. Како еден од главните чинители во граѓанското општеството во Македонија, МОСТ започна да ја одбележува прославата на овој ден. Промоцијата на меѓународните стандарди и демократски вредности е процес кој никогаш не завршува, токму затоа МОСТ спроведува неколку различни видови на настани со цел да го одбележи овој ден.

Активностите беа организирани за да им се помогне на изборната администрација и политичките партии да го зголемат своето знаење за новите трендови и предизвици поврзани со различните модели на изборни системи.
Другите активности беа дизајнирани со цел да им помогнат на оние кои ќе гласаат за прв пат да се запознаат со улогата и функцијата на Државната изборна комисија, како и да се охрабрат младите гласачи да се посветат на почитување на демократските вредности.

Цел
Промоција на меѓународните стандарди за фер и транспарентни избори, и подигнување на свеста за важноста на изборите за демократските процеси помеѓу изборната администрација и политичките партии како и помеѓу јавноста.

Активности спроведени во рамките на Глобалниот ден на избори 2009:

  • Конференција за медиуми во рамките на Глобалниот ден на избори, означувајќи го почетокот на проектот „Домашно набљудување на Претседателски и Локални избори 2009“;
  • Конференција за медиуми на која покрај г-динот Дарко Алексов се обратија и Специјалниот пратеник и Шеф на Делегацијата на ЕУ воМакедонија, г-дин Ерван Фуере и Заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на САД, г-дин Томас Навратил.


Активности спроведени во рамките на Глобалниот ден на избори 2010:

  • Државната изборна комисија и МОСТ организираа средби со средношколци од 5 средни училишта од Скопје кои се запознаа со работата на ДИК и процесот на гласање;
  • Организирана заедничка прослава на денот со ДИК.


Активности спроведени во рамките на Глобалниот ден на избори 2011:

 

  • Организирана конференција на Глобалниот ден на избори во рамките на проектот „Отворени листи“ со која се означи почетокот на кампањата за промена на изборниот систем во РМ.

Период на имплементација
Февруари 2009
Февруари 2010

Клучно достигнување на овој проект е постојаниот придонес на МОСТ кон промоција на слободни и фер избори во согласност со меѓународните стандарди преку одбележување на Глобалниот ден на избори.

Овој проект беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction