Предвремени Парламентарни избори 2011

Предвремени парламентарни избори 2011

Име на проектот: Домашно набљудување на Предвремените парламентарни избори 2011

Демократијата почнува и се остварува преку слободни, регуларни и фер избори.

Цел на проектот: Придонес кон транспарентен изборен процес, преку непартиско набљудување на сите сегменти на изборниот процес.

Специфични цели на проектот:

  • Да обезбеди учество на граѓаните во процесот на непартиско набљудување на изборите;
  • Да осигура почитување на правото и законите при спроведување на гласањето на избирачките места;
  • Да се подигне свеста кај граѓаните за нивните права и обврски за проверка на податоците во Избирачкиот список.



Проектни активности:

  • Собирање и процесирање на податоците од проверката на граѓаните во Избирачкиот список во подрачните единици на Државната Изборна Комисија (во периодот додека Единствениот избирачки список е на јавен увид 25 април до 4 мај);
  • Регрутирање и обука на волонтери за домашни набљудувачи на изборите;
  • Набљудување на предизборниот период (следење на работата на ОИК, активностите на политичките партии и сите активности на засегнатите страни во изборниот процес);
  • Набљудување на изборната кампања (следење на почитувањето на Кодексот за слободни и фер избори);
  • Набљудување на предвременото гласање на внатрешно раселените лица, болни и изнемоштени лица и лицата во затвор или притвор;
  • Набљудување на денот на гласање (со статични набљудувачи, мобилни тимови, ПВТ набљудувачи, ротирачки набљудувачи и набљудувачи во ОИК и ДИК);
  • Набљудување на постизборниот период (процесот на жалби и поплаки);
  • Анализирање на извештаите и информирање на јавноста.

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction