Референдум 2004

Референдум 2004

Домашно Набљудување на Референдум 2004

Финален извештај Референдум 2004

 

08.11.2004 Прес конференција 13:0

ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА

СКОПЈЕ, 08.11.2004


Граѓанската асоцијација МОСТ, според извештаите добиени од своите набљудувачи, во текот на набљудувањето на референдумското изјаснување на граѓаните за враќање на Законот за територијална организација на Р Македонија од 1996 год., заклучува дека главна карактеристика  на овој референдум е нискиот одзив на гласачите, како и отворениот бојкот на истиот од страна на владеачкото мнозинство и албанската заедница во Р Македонија.


07.11.2004 Прес конференција 22:0


Пред да ги соопштиме резултатите до кои дојдовме преку нашите набљудувачи, сакаме да истакнеме дека  ГА МОСТ  на оваа референдумско изјаснување ангажираше 3701 набљудувач кои беа распоредени на 60%  од избирачките места  во Р Македонија, како и мобилни тимови кои покриваа  дел од местата  на кои немаше распоредени статични набљудувачи.

Со оглед на најавите  кои претходно ги објавивме, што од искуствата од претходните избори,  што преку набљудувањето на референдумските капмањи и  јавните настапи, особено во делот кој значеше  најави за неотоворање на дел од избирачките места, ГА МОСТ  организираше ротирачки набљудувачи кои го набљудуваа гласањето во избирачки места, надвор од нивното место на живеење.

Сакаме да истакнеме дека сите резултати кои ги објавува МОСТ се однесуваат на целата територија, односно и во регионите  во кои граѓаните не излегоа да гласааат, и таму каде што се одвиваше референдумското изјаснување.

Од неправилностите кои вечерва ги констатиравме исклучиво врз основа на добиените извештаи од набљудувачите на МОСТ,  групирано забележано е: неотовoрање на избирачки места, ненавремено отворање на избирачки места, предвремено затворање, повремени прекини на гласањето, како и  преместување на избирачки места.

Набљудувачите на ГА МОСТ регистрираа упад на неовластени лица на гласачки места, агитации во близина на гласачки места, спречување на гласaње, а поради одредени инциденти, на повик на избирачките одбори во неколку наврати интервенирала и полицијата.

Регистрирано е полнење на гласачки кутии, уништување на гласачки ливчиња, како и физичка пресметка по пребројување  на гласчкиот материјал.

По сумирање на извештаите што во текот на денот ги добивме од нашите набљудувачи, дојдовме до следните сознанија:

Во 4 случаи забележано е неотворање на гласачко место, во 19 случаи задоцнето отоварање, во 2 имало дислоцирање на избирачките места,  во 7 случаи регистрирано е предврено затворање на избирачкото место. Прекини на гласањето, во времетраење , не повеке од еден час, набљудувачите на МОСТ регистрирале во 4 случаи.

За упади на неовластени лица на гласачки места  потврдени се 4 случаи, а агитирање  пред глчасачките места е забележано во повеќе случаи, но само во еден случај дошло до физичка пресметка помеѓу агитаторите, поконкретно овој случај е забележан во Тетово. Физичка пресметка  по пребројување на гласачикиот материјал е регистрирана во еден случај,  во Драчево.

Во Струга и Струшко,  регистрирани се прекини на гласања, упад на неовластени лица, уфрлање на гласачки ливчиња, но и повремени прекини на електрична енергија.Во Кичево во текот на денот регистриран е зголемен број на припадници на МВР.

На крај, одзивот на граѓаните, врз основа на податоци добиени од територијата на цела Р Македонија во 19 часот е 26,3%. Процентот на неважечки ливчиња е 0,275%. Од важечките ливчиња 95,05% гласале “ЗА“, а 4,95% “ПРОТИВ“. Можната грешка за секој од резултатите поодделно е 1 процентен поен.

 

07.11.2004 Прес конференција 18:0

Во почетокот сакаме да истакнеме дека сите резултати кои ги објавува МОСТ се однесуваат на целата територија, односно и во регионите  во кои граѓаните не гласааат, и таму каде што се одвива референдумското изјаснување.

Од неправилностите кои вечерва ги констатиравме врз основа на добиените извештаи од набљудувачите на МОСТ  дел од избирачките места се затвораат пред време, регистрирани се инциденти од типот на насилно полнење на кутиите и блокирање на избирачките места, на неколку места регистрирана е и интеревенција на полицијата.

1111, 1112- Липково- избирачките места се затворени во 15 часот. ИО ги спакувал материјалите и било речено дека повеќе нема да бидат отворени избирачките места.


1125
- Слупчане- Затворено во 16:00 часот.

0405- Гостивар- Во 16 часот е затворено гласачкото место и повеќе не е отворено.


0404- Гостивар- Било затворено, со образложение дека ИО треба да оди на ифтар, но најавиле дека ќе се вратат и гласањето ќе продолжи.


1965- Кикиш, Тетово- Членовите на ИО не им дозволувале на граѓаните да гласаат под изговор дека не се во ИС.


2969- Браќа Рамиз и Хамид, Шуто Оризари - Неовластени лица влегле во избирачкото место и им се заканувале на гласачите и набљудувачите.


1952- Браќа Миѓени, Тетово- Имало тепачка помеѓу агитатори кон која се приклучил на ИО. Гласањето не било прекинато и по увид од страна на полицијата, процесот на гласање продолжил.


0638- Суво Дол, Демир Хисар- Забележан е инцидент, каде што жител на селото влегол во ИМ и искинал 10-тина ливчиња од кочанот. Гласањето продолжило, а полицијата не била повикана да изврши увид.


1172- Кокино, Старо Нагоричане- Гласањето се одвивало на отворено, и поради временските неприлики ИО го завршил гласањето.
Одзивот на граѓаните, врз основа на податоци добиени од територијата на цела Р Македонија до 17 часот е 21 %, до 16 часот е 17,8%, а додека во 15 часот бил 15,2%.

07.11.2004 Прес конференција 14:0


Според досегашните информации од нашите набљудувачи, како и од јавувањето на граѓаните на бесплатната телефонска линија 080 080 080, регистрирани се неправилности од типот: ненавремено отворање на избирачките места, дислоцирање на избирачки места, прекини во гласањето и отворено агитирање.

Набљудувачите на МОСТ, до централната канцеларија дојавија дека 4 гласачки места воопшто не се отворени, а на 19 гласачки места изјаснувањето е започнато со задоцнување.

Прецизно по избирачки места, набљудувачите на МОСТ ги регистрираа следните неправилности:

1119 и 1128- Отља, Куманово- Избирачкото место било отворено, но по наредба на претседателот на месната заедница ИМ подоцна е затворено.

0413- Гостивар- Направена е промена на избирачкото место,заради тоа што сопстевникот на приватниот објект каде што до сега се гласало не дозволил ИО да влезе и да го спроведе гласањето.

1491- Мало Мреморани, Крушево- имало прекин на гласањето од 45 минути, поради расправии на претседателот и членовите на ИО. По овој прекин гласањето е продолжено.

1597- с. Дамјан, Радовиш- набљудувачот на МОСТ е замолен да ја напушти просторијата каде што се одвивало гласањето. Мобилниот тим на МОСТ го посетил веднаш избирачкото место при што е констатирано дека во кутијата имало многу повеќе ливчиња од претходно.

0745- Кичево- Прекинато е гласањето поради тепачка на членовите на ИО, по што на увид биле повикани членови од ОИК и полицијата, по што гласањето продолжило.

2266- Штип- Забележано е отворено агитирање пред избирачкото место.

Одзивот на гласачите до 14 частот, според PVT програмата што ја работи МОСТ е 12,2 %.



07.11.2004 Прес конференција 10:30ч


Сублимирајќи ги јавувањата од набљудувачите на гласачките места, Граѓанската асоцијација МОСТ дојде до следните сознанија:

Избирачките места:

1087– Баново трло – Куманово, 0434 и 0433- Балин дол- Гостивар, 0513- Долна Ѓоновица- Гостивар (ИО го вратил избирачкиот материјал), не се отворени.

Со задоцнување се отворени избирачките места:
1111 и 1112- Липково- Куманово, 1105- Опае- Куманово, 1101, 1102 и 1103- Черкези- Куманово, 1108- Виштица- Липково, 1846- Струга, 0435- Балин Дол- Гостивар, 0386- ОУ Петре Јовановски- Гостивар, 0504 и 0505- Чегране- Гостивар, 0515 и 0516- Горна Бањица- Гостивар, 2451 и 2452- Кондово, 2453 и 2454- Долно Свиларе, 04444- Сенокос- Неготино (Гостиварско).

Гласачкото место 1905- Лабуништа- Струга, утрово е префрлено на друга локација (образложението е дека зградата во која до сега се наоѓало ова гласачко место е стара, па префрлено е во понови простории).

Врз база на спроведената PVT програма, одзивот на гласачите до 10 часот е 3,4 %.

▪ ▪ Прес Конференција

“МОСТ“ ЌЕ ИМА СВОИ НАБЉУДУВАЧИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

Граѓанската асоцијација МОСТ, во пресерет на претстојното референдумско изјаснување, ја започнува својата кампања за регрутирање и распоредување на домашни набљудувачи.


...повеќе

▪ ▪ Тренинг

ОДРЖАН ТРЕНИНГ ЗА РЕГИОНАЛНИ

КООРДИНАТОРИ

Граѓанската асоцијација МОСТ, одржа тренинг за регионални координатори кои ќе регрутираат волонтери во пресрет на претстојниот референдум.

На тренингот беше дискутирана и усвоена стратегијата за распоредување на домашните набљудувачи на МОСТ

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction