Право да знаеш

Увод / Резиме/ Основни податоци

Проектот е развиен како надградба на проектот www.pravo.org.mk чие спроведување е започнато во 2004 годна. Општата цел на проектот е да ги допре темите од јавен интерес преку прецизен и  методолошки начин на собирање и иновативен начин на презентирање на веродостојни и статистички податоци, како и информирање и вклучување на граѓаните, граѓанските организации, новинари и блогери. Проектот допринесува кон информирани, вклучени и зајакнати различни социјални групи, како клучен фактор за демократијата на земја која е аспирант за членство во Европската Унија и НАТО.

Следниве цели се во насока на спроведување на проектот од страна на МОСТ:

- Општа цел:

Допринос кон поинформирани и зајакнати граѓани.

-  Специфична цел 1:

Функционална, ажурирана и моќна интернет алатка, наменета за различните групи на корисници и граѓани преку визуелни и лесно разбирливи презентации со употреба и споредување на официјални статистички податоци како и податоци добиени преку истражувања.

-  Специфична цел 2:

Зголемен број на податоци достапни за корисниците/ граѓаните како допринос кон аргументирани јавни дебати и формирање на јавниот дискурс на национално и локално ниво, на чувствителен, сеопфатен и перспективен начин со покривање на следниве полиња:

  • Транспарентност на Единиците на Локалната Самоуправа (активни интернет страници на општините, достапност на стратешките документи – стратешки планови, буџети, извештаи за трошење на буџетските средства, статути, акциони планови, одлуки и др.)
  • Вклучување на граѓаните (Законски рамки на ЕЛС за механизми за вклучување на граѓаните и граѓанските организации наспроти нивото на употреба на овие механизми од страна на граѓаните и граѓанските организации, број на регистрирани граѓански организации во секоја од општините, процентуален износ од буџетот на општината наменет за граѓанските организации, број на граѓански организации регистрирани за извршување на активности од јавен интерес, износ на финансиска ПОМОШ на секоја од општините обезбедена од страна на донатори на годишно ниво и др.
  • Ефикасност на судовите на локално ниво  - официјални податоци за бројот на примени случаи, решени случаи, случаи на поднесени жалби до Апелационен Суд, решени случаи по поднесени жалби до судовите, случаи вратени до Основните судови, и др.
  • Специфични состојби/ податоци од јавен интерес – како што се: Број на случаи на семејно насилство во секоја од општините одделно, број на сообраќајни несреќи, и др.
  • Демографски и економски карактеристики на општините.
  • Изборни резултати почнувајќи од 2005 година / за секоја општина одделно.

Проектот е финансиски поддржан од  Балкански Фонд за Демократија (BTD), Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction