Прирачник за употреба на стандардите за водење на записник од седници на Совет на Единиците на локалните самоуправи (ЕЛС)

Прирачник за употреба на стандардите во ЕЛС

Овој Прирачник е изработен со цел да се олесни работата и процесот на изготвувањето на записниците од одржаните седници на Советите на ЕЛС.

Записникот претставува официјален документ кој се базира на факти и документи и ги содржи основните податоци за работата на седниците, предлозите кои се поднесени, заклучоците кои се усвоени и одлуките кои се донесени во врска со прашањата од дневниот ред.

Квалитетот и обемот на информациите кои се дел од записникот треба да ја обезбедат целосната слика за работата на седниците на Советите на ЕЛС. Овој прирачник е алатка за остварување на законските надлежности на ЕЛС да ги информираат граѓаните за својата работа со што се зголемува транспарентноста и одговорноста на самите ЕЛС, и се воспоставува двонасочен канал за комуникација со јавноста.

Прирачникот, кој е подготвен во соработка со Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа (ЗЕЛС), има за цел да ги презентира стандардите за водење на записници од седниците на советите на ЕЛС и со тоа да придонесе кон унифицирање на записниците на ниво на сите ЕЛС во Република Македонија. Прирачникот се фокусира на

следниве основни стандарди:

1. Евиденција на присуство на седници;

2. Евиденција на излагања на говорници;

3. Евиденција на резултати од гласање.

Прирачникот се состои од практични примери кои најчесто се сретнуваат во анализираните записници од одржаните седници на советите на ЕЛС, како и од објаснувања и препораки за начинот на водење записници од седници на советите на ЕЛС.

Прирачник за употреба на стандардите за водење на записник од седниците на Советна Единица на локалните самоуправи


Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction