Клучни достигнувања

МОСТ e водечки авторитет во Македонија во областа на набљудувањето на изборите.

Преку регрутирањето, обучувањето и распоредувањето на 30.000 граѓани МОСТ има набљудувано 8 изборни процеси на национално ниво, 4 изборни процеси на локално ниво и 3 референдуми.

Исто така, МОСТ е член на Европската мрежа на организации кои набљудуваат избори (ENEMO), при што моментално е на позицијата Генерален секретар. Околу 200 домашни набљудувачи на МОСТ имаат учествувано во повеќе од 20 меѓународни набљудувачки мисии организирани од ENEMO и ОБСЕ/ОДИХР.

на избори.

Откако помогна да се зголеми нивото на дијалогот помеѓу носителите на одлуки, граѓаните и граѓанскиот сектор, во 2009-та г. МОСТ го насочи своето внимание кон градење на капацитетите на граѓанските организации во областа на лобирање и застапување. Денес, Центарот за застапување на МОСТ, како и Прирачникот за застапување служат како ресурси за учење и развивање на капацитетите на граѓанските организации низ целата држава.

МОСТ искористи повеќе можности за да застапува за политички реформи. Во 2004-та г., по Претседателските и локалните избори, МОСТ издаде препораки за подобрување на изборното законодавство. Како резултат на овие препораки, во 2006-та г. беше кодифицирано изборното законодавство преку донесување на Изборниот законик кој што на едно место ги содржи одредбите кои се однесуваат на парламентарните, претседателските и локалните избори. Започнувајќи од 2008-ма г., МОСТ игра активна улога во повеќе владини работни групи креирани за подобрување на изборниот систем. Во овие работни групи учествуваат и експерти, креатори на политики и претставници на ОБСЕ, а МОСТ е единствен претставник од граѓанскиот сектор.

Во 2010-та г., МОСТ започна да работи на подготовка на препораки за воведување на изборен систем со отворени листи со тоа што организираше фокус-групи на кои различни засегнати страни ги разменија своите мислења, а исто така беше изработена и компаративнa анализа. Работата на овој проект е се уште во тек.

Со цел обезбедување на одговорност на пратениците кон граѓаните, МОСТ ја оценуваше работата на секој пратеник и го издаваше извештајот “Мојот пратеник”, којшто беше инсертиран во дневните весници. Извештајот ги рангираше пратениците врз основа на следните критериуми: присуство на седниците, законодавни иницијативи и посети и средби во канцелариите за комуникација со граѓаните. Ниските оценки на пратениците во извештајот ги предизвикаа граѓаните да одговорат со повик кон пратениците да бидат поотворени кон нив. Извештајот сега го издава Собранието на РМ, на годишна основа.

МОСТ игра водечка улога во подобрувањето на институционалните механизми за учество на граѓаните. Преку средби и јавни дебати им овозможи на граѓанските организации и политичките претставници да ги разгледуваат и разменуваат своите погледи и ставови. Беа преземени важни иницијативи кои го олеснија учеството на граѓанските организации во јавните и надзорните расправи, а пратениците добија поголем пристап до експертизата на граѓанските организации.

На локално ниво, МОСТ ја започна програмата “Одговорна, транспарентна и кооперативна локална самоуправа” со цел да ги активира локалните граѓански организации во мониторинг на работата на локалната самоуправа и јавните набавки. Беа издадени 12 извештаи за работата на општинските совети. По ова следеа дебати на кои локалните политички претставници и граѓаните заеднички изработија “Бела листа на приоритети”. Беa идентификувани вкупно 65 приоритети, од кои 20 беа адресирани со буџетски алокации во 6 општини.

Со оглед на тоа што на почетокот не постоеја канцеларии за комуникација помеѓу пратениците и граѓаните, истите немаа многу можности за директна комуникација. Преку програмата “Мобилен парламент”, која започна во 2003-та г., МОСТ успеа да поврзе 3.000 граѓани и граѓански организации со повеќе од 200 пратеници и 48 претставници од локалната самоуправа, на повеќе од 93 јавни дебати одржани низ целата држава. Овој пионерски чекор и корисноста од континуираното граѓанско ангажирање која тој ја покажа, доведе до тоа во 2007-ма г. Собранието да отвори постојани канцеларии за комуникација меѓу пратениците и граѓаните.

Во 2004-та г., МОСТ започна иницијатива за подобрување на комуникацијата помеѓу граѓанските организации и Собранието, преку потпишување на официјален договор за основање на Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и Собрание на Република Македонија. Од 2004-та до 2010-та г., беа организирани повеќе од 300 средби, на барање на 173 граѓански организации, 82 граѓани, 16 пратеници и 9 сектори на Собранието. Како резултат на работата на Канцеларијата беа разгледани и донесени 6 резолуции и амандмани, а исто така беа одржани бројни јавни расправи на различни теми: “Учество на граѓаните и граѓанските организации во процесите на креирање политики и донесување одлуки”, “Лобирање и креирање политики во однос на ХИВ/СИДА”, “Законот за здруженија и фондации” итн.

Во текот на своето 9-годишно постоење, МОСТ мобилизирал повеќе од 90.000 граѓани во различни видови на активности, насочени кон зголемување на транспарентноста, одговорноста и отвореноста на институциите.

Порталот www.pravo.org.mk на граѓаните им обезбедува брз, лесен и бесплатен пристап до македонската легислатива. На порталот се регистрирани 48.396 корисници, а просечниот број на дневни посети и симнувања на документи изнесува 2.189 и 7.430 соодветно. Порталот  започна со поддршка од странски донатори, а денес истиот е самоодржлив.

Програмата на МОСТ за едукација на граѓаните кои за првпат треба да го остварат своето право на глас, започната во 2004-та г., преку организирање на скоро 900 работилници опфати 23.000 матуранти од средните училишта во Македонија. Успехот на оваа програма го поттикна Министерството за образование и наука да ја вклучи едукацијата на гласачите во наставната програма. Покрај работилниците, МОСТ издаде и “Прирачник за избори” и “Лексикон на изборни термини”.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction