Стандарди за одржливост на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на локалната самоуправа

Стандарди за одржливoст на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на Локалната самоуправа

Општи податоци за проектот
Од самиот почеток на процесот на децентрализација потребата за транспарентност, одговорност и отчетност на ЕЛС пред граѓаните се зголемува.

Оттука и иницијативата на МОСТ да се започне со имплементација и воспоставување  на механизми кои ќе доведат до постепен партнерски однос помеѓу општината и нејзините граѓани.
Да се ​​зголеми транспарентноста и отчетноста на општините и да се поттикне доброто управување, неопходно е да се преземат следните чекори: да се подобри квалитетот на информациите за работата на општините кои се ставени на располагање на јавноста и да се обезбедат начини според кои вакви редовни и навремени информации ќе бидат достапни на граѓаните.

Овој проект е всушност само продолжение на проектот „Одговорност, транспарентност и кооперативност на Локалната самоуправа“ (Мојот Советник I) кој МОСТ го реализираше во 2010 година и кој покрај резултатите кои ги постигна, детектираше и сериозни недостатоци во работата на советите на ЕЛС и информирањето на граѓаните.

Цел на проектот
Проектот има за цел да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигнување на свеста на граѓаните за работата на советите на Единиците на локалната самоуправа.

Специфични цели на проектот

  • Зголемен квалитет и  достапност на  информациите за работата на советите  на ЕЛС до граѓаните;
  • Информирани граѓани за успешноста на аплицирањето на утврдените критериуми и стандарди во изготвувањето и достапноста на записниците за работата на Советите.

 

Овој проект е финансиски подржан од страна на Швајцарската агенција за развој SDC, преку програмата Civica Mobilitas. Истата е администрирана од страна на Центарот за Институционален Развој - ЦИРа.

www.mojotsovetnik.org.mk

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction