MOST info
14.Сеп.2016 Written by

На годишното собрание на Граѓанската асоцијација МОСТ одржано на 09.05.2016 беа усвоени наративниот и финансискиот извештај за работата на МОСТ во 2015 година. Во рамките на седницата, членовите на Собранието исто така беа информирани и за планираните проекти и активности во 2016 година. На оваа седница и претходеше и седницата на управниот одбор (30.04.2016) кој го одбри годишниот извештај за 2015 година за работата на МОСТ.

Годишен извештај во 2015

29.Апр.2014 Written by

На годишното собрание на Граѓанската асоцијација МОСТ беа усвоени наративниот и финансискиот извештај за работата на МОСТ во 2014 година. Во рамките на седницата, членовите на Собранието исто така беа информирани и за планираните проекти и активности во 2015 година.

Годишен извештај 2014

01.Апр.2014 Written by

На годишното собрание на Граѓанската асоцијација МОСТ беа усвоени наративниот и финансискиот извештај за работата на МОСТ во 2013 година. Во рамките на седницата, членовите на Собранието исто така беа информирани и за планираните проекти и активности во 2014 година.

Годишен извештај 2013

30.Апр.2013 Written by

На 29.04.2013 година, беше одржано Годишното собрание на Граѓанската асоцијација МОСТ на кое беа усвоени наративниот и финансискиот извештај за работата на МОСТ во 2012 година, како и Деловникот за работа на Собранието. Во рамките на седницата членовите на Собранието исто така беа информирани и за планираните проекти и активности во 2013 година.

Годишен извештај 2012

11.Јун.2012 Written by

Граѓанската асоцијација МОСТ, денес 30.04.2012, го одржа своето Годишно собрание. На Собранието беа усвоени наративниот и финансискиот извештај за работата на Граѓанска асоцијација МОСТ во 2011 година, како и Стратешкиот план за периодот 2012-2015 година. Во рамките на седницата беше извршена и презентација за работата на Управниот одбор во 2011 година.

Годишен извештај 2011

  • да се поттикнат и мобилизираат граѓаните да станат активни учесници во демократијата во Македонија на национално и локално ниво;
  • да се поддржуваат напори и организираат активности за реформирање на институциите и процесите со цел тие да станат поодговорни, потранспарентни и поотворени кон потребите на граѓаните;
  • да се зајакне капацитетот на граѓанското општество со цел истото да овозможи гласност и простор за граѓанска акција на одржлива основа.

Статут на МОСТ: Македонски English

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА ГРАЃАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА МОСТ

 

 

  • Организацијата ги исполнува своите обврски според законите на Република Македонија и според обврзувачките меѓународни договори, и  силно се спротивставува на и не учествува во активности поврзани со корупција, поткуп или било какви останати финансиски неправилности или незаконитости;
  • Организацијата ги спроведува своите активности за доброто на другите, без оглед дали се работи за пошироката јавност или пак за одреден сегмент од истата;
  • Организацијата е свесна дека со своето однесување и активности влијае врз перцепцијата на јавноста за граѓанските организации и дека има одговорност за довербата на јавноста во граѓанските организации;
  • Организација е одговорна за своите постапки и одлуки, не само пред своите донатори и  државните органи, туку и пред луѓето за кои делува, својот персонал и членови, партнерските организации и пред пошироката јавност;
  • Организацијата промовира концепт на полова, етничка, национална и верска еднаквост, како и вклученост на лицата со посебни потреби;
  • Организацијата покажува разбирање за моралните вредности, религијата, обичаите, традициите и културата на заедниците за кои делува, како и на својот персонал и членовите;
  • Организацијата промовира организациска култура која ги почитува разновидните и посебни индивидуални придонеси на целокупниот персонал и  членови на организацијата;
  • Во рамките на процесот за избор на членови на персоналот, организацијата обезбедува еднакви можности без оглед на расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба односно инвалидност на кандидатот, како и религиозната, политичката или друга припадност, членството во синдикати, националното или социјалното потекло, семејниот статус, благосостојба, сексуална ориентација или останати лични карактеристики на кандидатот;
  • Организацијата обезбедува можности за индивидуален развој и усовршување на персоналот, и  поттикнува атмосфера во која одговорните го охрабруваат личното усовршување на членовите од персоналот;
  • Сите членови на персоналот  се еднакво и праведно третирани, како индивидуи со права што треба да се почитуваат и бранат. Нивните права на слобода на здружување, совест и изразување мора да се почитуваат и заштитуваат;
  • Транспарентноста на работата на организацијата е обезбедена преку редовно известување на членовите на Собранието на организацијата и на целата јавност во поглед на сите форми на работа и активности;
  • Основните финансиски информации, раководната структура, активностите и листата на членови на персоналот и партнери на организацијата се достапни за јавно разгледување и организацијата  вложува напор да ја информира јавноста за својата работа како и за потеклото и користењето на своите ресурси.

 

 

 

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА МОСТ

Секој член на персоналот на Граѓанска Асоцијација МОСТ треба:

  • да ги почитува документите и политиките на организацијата;
  • да одржува добри односи со сите свои колеги и да го поттикнува тимскиот дух и солидарноста;
  • да одржува добри односи со трети страни преку лојалност и заштита на интересите на организацијата;
  • да ја почитува доверливоста на чувствителните информации во врска со организацијата, нејзините членови, донатори, членовите на Управниот Одбор и членовите на персоналот;
  • да не ја злоупотребува базата на податоци или интелектуалната сопственост на организацијата за свои лични интереси или во корист на трети страни;
  • да не прифаќа провизии, подароци, исплати, заеми, ветувања за идни користи или други предмети со вредност од секој кој има или може да има некоја корист од организацијата, освен повремените подароци од симболичен износ кои се во согласност со добрата деловна етика;
  • да го почитува работното време;
  • да ги извршува неговите/нејзините должности и обврски на професионален начин, одговорно и навремено;
  • да не оштетува или уништува имот кој припаѓа на организацијата или на некој од неговите/нејзините колеги, своеволно или преку небрежност;
  • да се воздржи од било какво вознемирување (физичко, сексуално или психолошко – мобинг);
  • да не предизвикува неред или да се однесува недолично;
  • да не внесува, користи или да биде под дејство на алкохол или наркотици;
  • да се облекува соодветно;
  • да се грижи за хигиената во рамките на неговата/нејзината канцеларија и во останатите простории на организацијата.

 

12.Окт.2011 Written by

МОСТ e водечки авторитет во Македонија во областа на набљудувањето на изборите.

Преку регрутирањето, обучувањето и распоредувањето на 30.000 граѓани МОСТ има набљудувано 8 изборни процеси на национално ниво, 4 изборни процеси на локално ниво и 3 референдуми.

Исто така, МОСТ е член на Европската мрежа на организации кои набљудуваат избори (ENEMO), при што моментално е на позицијата Генерален секретар. Околу 200 домашни набљудувачи на МОСТ имаат учествувано во повеќе од 20 меѓународни набљудувачки мисии организирани од ENEMO и ОБСЕ/ОДИХР.

на избори.

МОСТ работи на поттик на граѓаните и нивно мобилизирање да ги користат своите права со цел зајакнување на демократската култура во Македонија, зголемување на демократскиот капацитет на граѓанските организации, институции и политички актери, преку создавање на одржливи партнерства.

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction