Достапни информации - активни граѓани 07.12.2012

Конференција на тема “Достапни информации – активни граѓани” се одржа денеска, во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ. Целта на конференцијата беше промоција на интернет порталот “Право да знаеш”, проект на Граѓанската асоцијација МОСТ. Порталот има за цел да ги прикаже општествените промени во Република Македонија преку истражување и споредување на различни видови на податоци (демографски, економски, социјални, податоци за изборни резултати) за сите општини во РМ.

На панел дискусиите беше подвлечено дека еден ваков ресурс кој би ги собирал сите релевантни податоци на едно место и со тоа би понудил уникатен начин на користење на достапните информации ширум општеството ќе придонесе кон аргументирана дебата и објективно насочување на јавниот дискурс кон вистинските проблеми на граѓаните.

Г. Ендрју Стот, поранешен директор на Транспарентност Велика Британија, укажа на неколку компаративни примери од областа на достапните податоци и на начините како тие да се презентираат со цел да бидат разбирливи и од корист за сите граѓани.

Г. Дарко Алексов истакна дека порталот претставува само почетна точка која ќе придонесе за еден поинаков поглед и разбирање на статистичките податоци. Порталот, според Алексов, ќе придонесе граѓаните да бидат поинформирани за општествените состојби, што понатаму ќе влијае на нивната активност и вклучување во демократските процеси.

Г. Драган Антоновски, користејќи ги ресурсите на сајтот, прикажа снимени прилози за миграцијата во Република Македонија. Целта на неговото излагање и презентација беше да се прикаже корисноста на алатката за медиумите и новинарите и тој понуди една нова димензија на прибирање на податоците и нивно презентирање во јавноста.

Г. Сашо Мацановски-Трендо, со своето долгогодишно искуство во областа на ИТ технологиите заклучи дека порталот е одлична визуелна алатка за истражување и ќе биде многу посетуван и користен, посебно од помладата генерација на интернет корисници.

На конференцијата учествуваа експерти од областа на општествените науки, претставници на органи и институции одговорни за собирање и обработка на статистичките податоци, претставници на општините во РМ, претставници на меѓународната заедница, како и претставници на граѓанските организации и медиумите.

Проектот “Право да знаеш” го спроведува Граѓанската асоцијација МОСТ, а истиот е финансиски поддржан од Балканскиот фонд за демократија (Balkan Trust for Democracy), Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.

Интернет страницата на проектот е http://www.pravodaznaes.mk



Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction