Организациски акти

Статут на МОСТ: Македонски English

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА ГРАЃАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА МОСТ

 

 

  • Организацијата ги исполнува своите обврски според законите на Република Македонија и според обврзувачките меѓународни договори, и  силно се спротивставува на и не учествува во активности поврзани со корупција, поткуп или било какви останати финансиски неправилности или незаконитости;
  • Организацијата ги спроведува своите активности за доброто на другите, без оглед дали се работи за пошироката јавност или пак за одреден сегмент од истата;
  • Организацијата е свесна дека со своето однесување и активности влијае врз перцепцијата на јавноста за граѓанските организации и дека има одговорност за довербата на јавноста во граѓанските организации;
  • Организација е одговорна за своите постапки и одлуки, не само пред своите донатори и  државните органи, туку и пред луѓето за кои делува, својот персонал и членови, партнерските организации и пред пошироката јавност;
  • Организацијата промовира концепт на полова, етничка, национална и верска еднаквост, како и вклученост на лицата со посебни потреби;
  • Организацијата покажува разбирање за моралните вредности, религијата, обичаите, традициите и културата на заедниците за кои делува, како и на својот персонал и членовите;
  • Организацијата промовира организациска култура која ги почитува разновидните и посебни индивидуални придонеси на целокупниот персонал и  членови на организацијата;
  • Во рамките на процесот за избор на членови на персоналот, организацијата обезбедува еднакви можности без оглед на расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба односно инвалидност на кандидатот, како и религиозната, политичката или друга припадност, членството во синдикати, националното или социјалното потекло, семејниот статус, благосостојба, сексуална ориентација или останати лични карактеристики на кандидатот;
  • Организацијата обезбедува можности за индивидуален развој и усовршување на персоналот, и  поттикнува атмосфера во која одговорните го охрабруваат личното усовршување на членовите од персоналот;
  • Сите членови на персоналот  се еднакво и праведно третирани, како индивидуи со права што треба да се почитуваат и бранат. Нивните права на слобода на здружување, совест и изразување мора да се почитуваат и заштитуваат;
  • Транспарентноста на работата на организацијата е обезбедена преку редовно известување на членовите на Собранието на организацијата и на целата јавност во поглед на сите форми на работа и активности;
  • Основните финансиски информации, раководната структура, активностите и листата на членови на персоналот и партнери на организацијата се достапни за јавно разгледување и организацијата  вложува напор да ја информира јавноста за својата работа како и за потеклото и користењето на своите ресурси.

 

 

 

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА МОСТ

Секој член на персоналот на Граѓанска Асоцијација МОСТ треба:

  • да ги почитува документите и политиките на организацијата;
  • да одржува добри односи со сите свои колеги и да го поттикнува тимскиот дух и солидарноста;
  • да одржува добри односи со трети страни преку лојалност и заштита на интересите на организацијата;
  • да ја почитува доверливоста на чувствителните информации во врска со организацијата, нејзините членови, донатори, членовите на Управниот Одбор и членовите на персоналот;
  • да не ја злоупотребува базата на податоци или интелектуалната сопственост на организацијата за свои лични интереси или во корист на трети страни;
  • да не прифаќа провизии, подароци, исплати, заеми, ветувања за идни користи или други предмети со вредност од секој кој има или може да има некоја корист од организацијата, освен повремените подароци од симболичен износ кои се во согласност со добрата деловна етика;
  • да го почитува работното време;
  • да ги извршува неговите/нејзините должности и обврски на професионален начин, одговорно и навремено;
  • да не оштетува или уништува имот кој припаѓа на организацијата или на некој од неговите/нејзините колеги, своеволно или преку небрежност;
  • да се воздржи од било какво вознемирување (физичко, сексуално или психолошко – мобинг);
  • да не предизвикува неред или да се однесува недолично;
  • да не внесува, користи или да биде под дејство на алкохол или наркотици;
  • да се облекува соодветно;
  • да се грижи за хигиената во рамките на неговата/нејзината канцеларија и во останатите простории на организацијата.

 

Read 9023 times
Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction