Конференција: "Институционални механизми за соработка помеѓу Собранието и граѓанскиот сектор во РМ“

Конференцијата беше одржана на 18 јуни 2010 година. Конференцијата беше со намена да се справи со главните прашања, поделени во три теми на одделни панел дискусии. Во рамките на првата тема, главниот концепт беа постоечките механизми за соработка за кои говореа пратеници од Собранието на РМ и претставници на граѓанските организации, а беа дискутирани и со останатите учесници. Втората тема се однесуваше на природата, интензивноста и резултатите од јавните и надзорни сослушувања, за која дискутираа пратеници кои спроведувале вакви сослушувања и претставници од меѓународни организации кои работеле да ги поддржат овие сослушувања. Третата тема се  фокусираше на соработката помеѓу граѓанските организации и Собранието во насока на процесот на пристапување кон ЕУ.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 70 учесници вклучувајќи членови на Собранието, вработени во службите во Собранието, претставници од граѓанскиот сектор, медиуми и експерти.
Воведните обраќања беа од страна на Симеоне Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија, г-дин Трајко Велјановски, Претседател на Собранието на РМ, и г-дин Дарко Алексов, Извршен директор на МОСТ. Секој од нив ја истакна потребата од отворен дијалог за состојбите и односите помеѓу овие два исклучително важни сектори за едно демократско општество, законодавниот и граѓанскиот.
Заклучоците кои произлегоа од Конференцијата, а се дел од извештајот од истата, јасно ја изразуваат потребата од официјален документ со кој ќе се регулираат правилата и процедурите за соработка помеѓу Собранието и граѓанскиот сектор.
Ова се некои од заклучоците:

  • Да се работи во насока на зголемување на довербата и соработката  помеѓу граѓанскиот сектор и Собранието;
  • Да се институционализира соработката помеѓу граѓанскиот сектор и Собранието, со цел прецизно да се дефинираат правилата на соработка и комуникација, за да не биде оставено сè на добрата волја на поединци;
  • Да се изградат механизми на оддржливи партнерства, засновани на јасно дефинирани принципи и форми во Деловникот за работа или други  документи и акти кои ќе го регулираат функционирањето на Собранието во оваа област;
  • Постои потреба од активен придонес на двете засегнати страни во насока на подобрување на квалитетот и зголемување на интензитетот на одржување на надзорните расправи;
  • Надзорните расправи и јавните сослушувања активно да се користат како механизам за взаемна соработка и размена на искуства и информации.
Период на имплементација
Јуни 2010

This project was funded by the Embassy of the Kingdom of the Netherlands

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction